Фото: Игор Бансколиев

КОШАРКА – НБА

Никола Јокиќ оствари уште еден одличен ефект, со 27 поени, 22 скока и 12 асистенции, во победата на Денвер на дуелот со Портланд со 120-108 во натпревар од кошаркарската НБА-лига. За двократниот најкорисен кошаркар (МВП) на НБА-лигата сезонава тоа е 15-ти т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории), пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Во тој натпревар Џамал Мареј од Денвер имаше 13 поени, 10 асистенции и девет скока.
Денвер сега имаа резултат од 34 победи и 16 порази по 50 натпревари сезонава. Тоа е истиот ефект што го имаше тој клуб во истиот момент во минатата сезона на својот пат до првата НБА-титула, пишува АП.
По мечевите во саботата, во Западна конференција водат Оклахома и Минесота, со по 34 победи и 15 порази, пред Лос Анџелес клиперс со 32-15, Денвер со 34-16, Сакраменто со 29-19 итн., а во Источната конференција лидер е Бостон со 37-12, а потоа се Милвоки со 33-16, Кливленд со 31-16, Њујорк со 32-18, Филаделфија со 30-18… Н.М.