Конечниот список на кошаркари ќе биде објавен на 18 февруари, а резервните состави на 23 февруари

НБА

Во НБА почна гласањето за почетните постави за олстар-натпреварот, кое ќе заврши на 16 февруари. За време на ова гласање, навивачите можат да гласаат еднаш во денот преку апликациите на НБА и НБА.ком, како и да гласаат за 10 индивидуални играчи дневно на Твитер. Сите сегашни НБА-играчи ќе бидат достапни за избор.
НБА-играчите и медиумите ќе им се придружат на навивачите во изборот на олстар-тимовите. Навивачите ќе соберат 50 отсто од гласовите, додека сите сегашни играчи и Комисијата за медиуми ќе сочинуваат по 25 од гласовите. Играчите и медиумите исто така ќе можат да пополнат едно гласачко ливче и од Источната и од Западната конференција.

По пребројувањето на гласовите, играчите на двете конференции ќе бидат рангирани по позиција (бекови, крила, центар), во рамките на секоја од трите гласачки групи (навивачи, играчи, медиуми). Гласањето од навивачи ќе послужи како тај-брејк за играчите, кои се во позиција да имаат ист резултат.
Информациите од гласањето ќе се ажурираат на 4 и 11 февруари, а ќе бидат објавени на 18 февруари, додека резервите, според изборот на главните тренери на 23 февруари.