Рајо Валјекано на Димитриевски сезонава не загуби од учесниците во ЛШ од Шпанија

ФУДБАЛ

Рајо Валјекано, чиј голман е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, сезонава во домашното првенство не загуби ниту еден натпревар со учесниците во фудбалската Лигата на шампионите (ЛШ) од Шпанија. По победата над актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид во понеделникот со 3-2, дома, Рајо Валјекано сезонава има по две победи и нерешени средби со екипите што лани беа на првите четири места на табелата во првенството на Шпанија и сезонава настапија во Лигата на шампионите.
Така, Рајо Валјекано прво ремизира на гости кај Барселона, 0-0, во меч во кој Димитриевски беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, потоа одигра нерешено, 1-1 со Атлетико Мадрид, исто така, на гостински терен, а на гости беше победена Севилја, со 1-0.
Рајо Валјекано е во серија од пет меча без пораз. Со третата победа во низа, Рајо Валјекано сега има 21 бод и е осми на табелата, со ист број бодови како и Атлетик Билбао, а три помалку од третопласираниот Атлетико Мадрид. Води Барселона со 34 бода, два повеќе од Реал Мадрид.

РАЈО ВАЛЈЕКАНО СО ТИМОВИТЕ ОД ЛШ

Барселона 0-0 (г)
Атлетико М. 1-1 (г)
Севилја 1-0 (г)
Реал Мадрид 3-2 (д)