Фото: ЕПА

Нивоата на страст на Жовер, очигледно, се совпаѓаат со неговите нивоа на стручност. За тренерот на Арсенал се вели дека е водечки специјалист во англиската Премиер-лига во постојаното развивање на зоната на прекини на играта, особено кога станува збор за напад на противничкиот гол. Арсенал сезонава постигна 16 гола од прекини во Премиер-лигата. Ниту еден друг тим не постигна повеќе од 13, а само Евертон постигна повеќе од 11

ФУДБАЛ

Неколку секунди пред англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал да го постигне својот прв гол во победата над Вест хем, Николас Жовер доби учтиво предупредување од четвртиот судија. Тренерот на Арсенал беше на самиот раб на техничката област, ги насочуваше своите фудбалери и го оркестрираше изведувањето на корнерот, а тивко му беше советувано да се погрижи да не отиде премногу далеку. Жовер често е во таа позиција, што е можно поблиску до акцијата, но само при прекини на играта. Корнерите и слободните удари се негов домен, а францускиот тренер се чини дека ги живее тие моменти речиси еднакво интензивно како и фудбалерите на теренот, пишува британски „Телеграф“.
Нивоата на страст на Жовер, очигледно, се совпаѓаат со неговите нивоа на стручност. За тренерот на Арсенал се вели дека е водечки специјалист во англиската фудбалска Премиер-лига во постојаното развивање на зоната на прекини на играта за време на натпреварите, особено кога станува збор за напад на противничкиот гол.
Двата гола од прекини на Арсенал на дуелот со Вест хем го доведоа тимот до 16 гола во Премиер-лигата сезонава. Ниту еден друг тим не постигна повеќе од 13 гола, а само Евертон постигна повеќе од 11. Тоа стана корисно оружје во арсеналот на тренерот Микел Артета, а ова беше уште еден натпревар што ја покажа физичката и воздушната моќ на неговите фудбалери, пишува „Телеграф“.
Првиот гол, кој Вилијам Салиба го постигна кај втората статива, изгледаше неверојатно едноставно при првото гледање. Но подетален поглед покажува како дефанзивците на Вест Хем беа изненадени од движењето и од итрината на шоуто од ривалите.

Во моментот на центаршутот на Деклан Рајс се случија голем број различни работи одеднаш. Прво, Бен Вајт се замеша на патот на Алфонс Ареола, голманот на Вест хем, токму во моментот кога тој би се надевал дека ќе скокне по топката. Ареола, еден од најатлетските голмани во лигата, веднаш беше неутрализиран. Неколку метри зад нив, Јакуб Кивиор ја играше својата улога. Левиот бек на Арсенал не се ни обиде да ја освои топката, иако таа му беше блиску до главата. Наместо тоа, тој цврсто се држеше до централниот бек на Вест хем, Најеф Агуерд. Слично како Ареола, Агуерд беше отстранет од ситуацијата. Во просторот зад Агуерд се пресели Салиба, кој се надви над сите други додека центаршутот на Рајс полета во негова насока. При контактот Салиба беше само на два метра од голот. Таква беше доминацијата на фудбалерите на Арсенал во таа ситуација, а и Каи Хаверц беше слободен зад Салиба, пишува „Телеграф“
Нешто повеќе од десет минути подоцна, Арсенал повторно го направи тоа. Повторно Рајс беше тој што центрираше, а повторно централен бек постигна гол. Слично како голот на Салиба, ударот на Габриел имаше изглед и чувство на потег од книгата за игри на Жовер. Сѐ почна со четворица играчи на Арсенал, Хаверц, Габриел, Вајт и Кивиор, кои стоеја во офсајд-позиции. Кога Рајс го почна своето движење кон топката, сите овие четворица играчи се затрчаа кон противниците, создавајќи судири низ целиот шеснаесетник. Како и со Салиба, Габриел оствари контакт со топката кај петерецот. Ареола едноставно немаше време да реагира.
Во голем дел од изминатите 15 години Арсенал се сметаше за мек при слободните удари за време на натпреварите. Сега, со таков физички импозантен состав, тој е моќен и опасен. Габриел сега постигна 15 гола во сите натпреварувања откако му се приклучи на клубот во септември во 2020 година, ниту еден друг дефанзивец од англиската фудбалска Премиер-лига не постигнал повеќе од 11 погодока во тој период. И Салиба е фудбалер што прави огромни проблеми во воздухот.
Ставот на тренерот Артета е дека Французинот треба да постигнува повеќе голови, со оглед на неговата височина, и ова беше чекор во вистинската насока во тој поглед. Хаверц, исто така, е висок и веројатно би требало да има повеќе голови со глава сезонава, пишува „Телеграф“. Сите овие играчи се оружје за Жовер, порано во Брентфорд и во Манчестер сити. Очигледно, тој најде начин да го стори тоа и неговата работа на тренинзите може да биде клучна за одредување на успехот на предизвикот за титулата на Арсенал, пишува „Телеграф“. Н.М.