Фото: Калин Ивановски/ Официјален фејсбук профил

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски мина две кваликациски рунди за да се пласира на главниот Челинџер-турнир во Братислава, каде денеска успешно да ја мина и третата пречка, во првото официјално коло, славејќи над Германецот Петер Гојовчик со 2-0 во сетови.

Извонредниот сервис беше заштитен знак на Ивановски на овој дуел, во кој противникот немаше ниту една брејк-шанса. Првиот сет мина израмнето, Ивановски пропушти три брејк-топки при 6-5, но потоа во тај-брејкот рутински триумфираше со 7-3.

Во вториот сет, Ивановски одигра уште поквалитетно, успевајќи да направи два брејка и да слави со 6-2.

Негов следен противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Чехот Мачак (четврти носител на турнирот) и американскиот квалификант Дам.

Челинџер-турнирот во Братислава, се игра за награден фонд од 145.000 долари.