Повеќе тенисери постари од 30 години отколку помлади се пласираа во 4-то коло на машкиот дел од гранслем-турнирот во Вимблдон, првпат во т.н. опен ера (од 1968 година). Турнирот продолжи вчера, а само четворица од првите 10 носители беа во игра за трофејот (Новак Ѓоковиќ, Роже Федерер, Рафаел Надал и Кеи Нишикори), најмалку од 2008 година. Според ждрепката, сигурно беше дека ќе има барем еден неносител во четврт-финалето, првпат по четири години.