Германскиот возач, Мик Шумахер ја оствари својата прва победа во Формула 2 откако беше најбрз на трката за Големата награда на Унгарија. Тој победи на патеката „Хунгароринг“ на која неговиот татко Михаел оствари четири од рекордните 91 победа.

– Сјајна трка, возилото беше сјајно. Не беше лесно, му честитам и на противникот Нобухари Мацушити кој се бореше до самиот крај. Среќен сум, беше забавно – изјави 20-годишниот Шумахер.

Тој вози за екипата на Према, но е член на возачката академија на Ферари и се очекува за неколку години да го видиме во Формула 1 трките.

Победата во Унгарија е негов најдобар резултат во Формула 2, а претходно најдоброто остварување го имаше во Австрија, кога го зазема четвртото место.

Тој е 11-ти во генералниот пласман во Формула 2.