Животни
Летото е време кога повеќето луѓе одлучуваат да одат на подолги патувања. Како што се наближува времето за одмор, сè повеќе проверуваме интересни дестинации што би сакале да ги посетиме. Но одговорните сопственици на домашни миленици обично не сакаат да патуваат без нивните крзнени пријатели. Имаме среќа бидејќи денешниот свет е многу пријателски настроен кон оние што патуваат со своите миленици, па на оваа листа сигурно ќе најдете градови што даваат сѐ од себе за да привлечат гости со четири нозе.
Париз: Во Париз не се добредојдени само француските булдози. Ова е град во кој на секои неколку метри ќе видите човек како шета куче на поводник. Повеќето од нивните ресторани и кафулиња им дозволуваат на вашите крзнени пријатели да останат со вас во просторот. Малите кучиња, кои можете да ги држите во раце или во чанта, се возат бесплатно, додека поголемите кучиња мора да бидат на поводник и да платат билет. Места на кои не можете да одите со кучиња се музеите, главните атракции и пазарите за храна.
Рим: Кучињата овде секогаш се на одмор – се фрлаат во фонтани, талкаат по археолошките локалитети, го душкаат секој дел од градот и патуваат со воз. Освен тоа, немојте да се чудите што италијанските плажи се полни со кучиња, тука е сосема нормално. Она што мораме да го споменеме е дека на повеќето места треба да го шетате вашето куче на поводник. Кучињата се дозволени и во повеќето продавници и ресторани, што го прави Рим совршен град за редовни излегувања со вашето куче.
Барселона: Жителите на Барселона сакаат кучиња, па немојте да се изненадите ако некој локален жител почне да го гали вашето куче. Очекувано, рестораните и кафулињата во Барселона исто така дозволуваат кучиња, а многу од нив ќе се погрижат вашето куче да има свежа вода и место за легнување додека јадете. Интересна е и кучешката плажа Левант, каде што има фонтани за пиење вода, места за нужда и туш за кучиња.
Амстердам: Кучињата се омилен вид овде – на повеќето места трчаат без поводник, можете да најдете безброј добро опремени хотели погодни за кучињата, а се возат бесплатно во јавниот превоз. Единствен исклучок се возовите, каде што се наплаќа мала такса.