Здрава храна
Многу здравствени придобивки се поврзани со редовното консумирање овошје. Се препорачува да се јаде овошје за да се задоволи потребата од шеќер, кој го има многу помалку отколку во слатките, колачите и сличната храна. Диететичарите Ерика Барера и Колет Мико издвоија неколку вида овошје што се многу здрави и се познати по тоа што не содржат многу природен шеќер и во кои можете да уживате без да се грижите за вишокот калории.
Праски: Праските имаат помалку од 13 грама шеќер и содржат други хранливи материи како што се влакна, калиум, витамини А и Ц. Тие исто така содржат растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го одржуваат нивото на холестерол под контрола, додека нерастворливите влакна помагаат во варењето, спречувајќи запек.
Грејпфрут: Грејпфрутот е овошје со ниска содржина на шеќер; половина грејпфрут содржи помалку од 11 грама шеќер. Ова цитрусно овошје е богато со витамини А и Ц, кои помагаат во одржување на имунолошкиот систем.
Портокал: Иако сокот од портокал е богат со шеќер, тоа не е случај со самото овошје, бидејќи за една чаша сок обично се потребни до три портокали. Еден цел портокал содржи 12 грама шеќер и е добар извор на влакна, витамин Ц и есенцијални хранливи материи како што се калиум и фолна киселина.
Јагоди: Јагодите имаат малку шеќер, само седум грама во шолја јагоди Комбинацијата на влакна, антиоксиданси и калиум во јагодите одлично влијае на здравјето на срцето.
Малини: Една шолја малини содржи пет грама природен шеќер, а познати се и како овошје што е нискокалорично и неверојатно богато со влакна. Само една шолја содржи четири пати помалку шеќер од препорачаната дневна доза од 25 до 34 грама за возрасни.