Новата апликација Тредс на Инстаграм веќе надмина 100 милиони корисници, што значи дека ја постигна таа цел побрзо од четботот со вештачка интелигенција ЧетГПТ.
Четботот на компанијата „ОпенАИ“, наречен ЧетГПТ, достигна 100 милиони корисници по два месеца, но Тредс, апликацијата што беше лансирана минатата недела, ја постигна таа цел за само неколку дена. Бројот на корисници, кој постојано се зголемува, може да се провери преку апликацијата Инстаграм, која ја следи големината на корисничката база на Тредс.
Тредс се покажа како хит уште од самиот почеток. Во првите два часа доби дури два милиона корисници, а нивниот број брзо се зголемил на пет, 10, 30, а потоа и 70 милиони. Извршниот директор Марк Закерберг призна дека лансирањето на Тредс ги надмина очекувањата. Корисниците не само што се најавуваат туку и објавуваат.
Тредс сѐ уште е на почеток, а од „Мета“ велат дека целта не е да го замени Твитер. Според извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосари, компанијата нема активно да поттикнува политика и „тешки“ вести на платформата, но Тредс на крајот може да стане место каде што луѓето доаѓаат на социјалната платформа заснована на разговор.