Годинава во сите основни училишта во општината Кавадарци сите 349 првачиња добија како подарок садница од зимзеленото дрво дуглазија, кое по своја желба ќе можат да го засадат каде што самите ќе одберат – во дворот од семејната куќа, пред станбената зграда, во училишниот двор или во блиско излетничко место во околината на Кавадарци. Основната порака што ја упатуваат со овој подарок од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ е да имаме уште позелен град, да ја подобриме еколошката свест кај децата и чувството дека треба со озеленување на околината да придонесуваат за зачувување и одржување на околината во која живееме и воопшто природата. Самиот чин дека тоа дрво е нивно ќе ја поттикне и одговорноста кај децата да се грижат за зеленилото и да го одгледуваат за да можат да уживаат во придобивките од здрава и чиста животна средина. Ми.М.