Новата верзија на „Емануела“, култниот еротски филм од 1974 година, беше прикажана на церемонијата на отворањето на годинашниот филмски фестивал во Сан Себастијан (20-28 септември).
Овој пат Емануела е Ноеми Мерлант, која е во потрага по изгубеното задоволство. Таа сама оди во Хонгконг на службено патување. Во овој сензуален глобален град, каде што започнува многу средби, таа го запознава Кеи, човек што постојано ѝ бега.
Филмот е базиран на романот на Емануела Арсан од 1967 година, а покрај Мерлант, една од главните улоги игра и мегапопуларната Наоми Вотс.
Режисер на оваа нова продукција е Одри Диван, која освои многу награди за двата претходни филма „Настанот“ и „Но ти си луд“.
Оригиналниот филм послужи како инспирација за последователни многубројни продолженија, поточно дури шест филма за големите кина и дури седум фила направени за ТВ-екраните. Во 11 од нив глумеше иконата на еротскиот филм Силвија Кристел.