Првиот предизвик со кој се соочува еден говорник од Европската Унија е како да ја заинтересира публиката за политиките што се чувствуваат толку далечни, пишува Еди Вакс за „Политико“

Како Брисел може да ја спаси античката уметност на ораторството

Почитувани членови, ценети присутни, подгответе се да заспиете. Така би започнале повеќето говори доколку политичарите во Европската Унија (ЕУ) беа искрени. Додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се подготвуваше да го одржи своето долгоочекувано годишно обраќање, „Политико“ го постави прашањето зошто највисоките претставници на ЕУ обично инспирираат незаинтересираност наместо бурни аплаузи.
Првиот предизвик со кој се соочува еден говорник од ЕУ е како да ја заинтересира публиката за политиките што се чувствуваат толку далечни. Ден Собовиц, кој пет години беше пишувач на говор на европскиот комесар Марош Шефчовиќ, укажа на дополнителен предизвик, а тоа се посредниците како новинарите и експертите, кои ќе го толкуваат Брисел.

Личен печат во говорот

Едно решение би било раскажување лични приказни. Рене Брукмеулен, која 25 години пишува говори за холандските политичари и извршни директори, смета дека европското ораторство обично ги заспива присутните. Брукмеулен истакна дека апстрактна тема може да стане поконкретна и интересна ако се раскажува како приказна, со тоа што ќе биде јасно што, всушност, прави ЕУ за луѓето и што значи тоа за нивните животи.
Во пресрет на годишното обраќање, висок функционер од Европската комисија, кој сакаше да остане анонимен пред говорот на Фон дер Лејен, остана цврсто отворен за тоа каков ќе биде нејзиниот говор, иако тој сугерираше дека ќе има таква содржина. Винсент Стјуер, поранешен пишувач на говори на поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, објасни како Фон дер Лејен ги пишува нејзините говори. Стјуер оцени дека говорот треба да биде приказна што ќе ја раскаже една личност и таа ќе ја напише лично. Фон дер Лејен, која го довери пишување говори на многу мал круг доверливи советници, ќе ја користи таа стратегија, според него.
Покрај тоа, Стјуер се повика на правилото дека помалку е повеќе. Кога на другите генералните директорати на комисијата им се дозволува да дадат свој придонес, финалниот производ се разводнува, рече тој. Високиот функционер рече дека имало период на испраќање обемни извештаи во текот на летото во кои биле вклучени генералните директорати, комесари и шефовите на влади.

Темелно познавање на говорникот

Хелен Банер, која во 2019 година пишуваше говори за двајца претседатели на комисијата, Жан-Клод Јункер и Фон дер Лејен, рече дека темелното познавање на биографијата на говорникот е клучно за развивање на содржината на говорот. Кога работела со Јункер, за неа било важно да знае како размислува, што чита и во каква поезија ужива.
Проблемот со комуникацијата на Европската комисија може да се вметне во самата институција, рече еден поранешен пишувач на говори, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи не беше овластен да зборува јавно. Тој истакна дека повеќето луѓе што работат во Комисијата се адвокати, а токму тие биле ужасни во комуникацијата.

Изгубени во преводот

Друг фактор што го намалува јазичниот талент е барањето на ЕУ да го толкува секој дел од говорот на 24 официјални јазици. Дури и европските комесари се борат со овој проблем, бидејќи обично зборуваат повеќе јазици. Во секој случај, публиката обично погрешно го разбира говорот. Но освен губењето во преводот, секој говор исто така треба да биде доволно податлив за да го преживее влегувањето во 27 посебни национални политички контексти. Банер смета дека тоа е невозможен предизвик да се исправи, бидејќи јазикот мора да биде внимателен, а уметност е да се има личен израз и храброст да кажеш помалку.
Без оглед на тоа какви изненадувања може да приреди Фон дер Лејен, јавноста не треба да очекува забава. Брукмеулен оценува дека таа треба да внесе малку повеќе емоции и страст во говорот, но со оглед на тоа што е Германка, тоа е тешка задача, рече холандската експертка за пишување говор.