Најголемиот кинески производител на електрични возила БИД со сопствено производство на батерии и чипови претендира да стане глобален лидер на овој пазар. Продажбата на батерии за електрични возила надмина 7,68 милиони во 2022 година

Производителот на автомобили БИД, најголемиот автомобилски бренд во Кина, ја проширува продажбата на батерии за електрични возила во Австралија, Бразил, Израел и Тајланд. БИД неодамна влезе во Мексико, Шпанија и Велика Британија, а извршниот директор Ванг Чуанфу сега го насочи погледот кон Италија. Чуанфу се бори да ја трансформира својата компанија, која веќе е најголем производител на електрични возила во Кина, во значаен глобален играч во возилата со нова енергија.

БИД произведува сопствени батерии и полупроводници, така што сега е втор по големина производител на ќелии во светот. Минатата година БИД имаше 16,1 отсто удел на глобалниот пазар на батерии зад конкурентот „Контемпорари амперекс текнолоџи“ со 33,4 отсто. Кинескиот производител продаде 1,86 милион возила со нова енергија минатата година и ја зголеми својата глобална работна сила на 570.060 работници, што е околу 200.000 повеќе од „Тојота“, која се смета дека припаѓа во врвот на светските производител на автомобили.