Бруто-домашниот производ (БДП) на Кина порасна за 5,3 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, покажаа податоците на Националното биро за статистика (НБС).
БДП на земјата достигна 29,63 трилиони јуани (околу 4,17 трилиони американски долари) во овој период, покажаа податоците на НБС.
На квартална основа, економијата во првите три месеци порасна за 1,6 отсто.
– Висококвалитетниот развој на Кина постигна нови достигнувања во првиот квартал. Националната економија го задржа замавот на закрепнување и добро започна – рече Шенг Лаијун, заменик-директор на НБС, на прес-конференција.
Шенг Лаијун притоа ги потецираше позитивните фактори во периодот, како што се зголемената побарувачка за производство, стабилното вработување, цените и растечката пазарна доверба.
– Овие позитивни фактори, кои го поттикнуваат економското закрепнување, се акумулираат и зајакнуваат, поставувајќи добра основа за раст во целата година – рече Шенг.
Заменик-директорот го припиша оптимистичкиот замав во првиот квартал на имплементацијата на поддржувачките владини политики и засилените напори за макроконтрола.
БДП на Кина порасна за 5,2 отсто на годишно ниво минатата година и земјата го испланира својот целогодишен економски раст на околу 5 отсто за 2024 година.