Домување

Ако влезете во нечиј дом, дефинитивно ќе забележите одредена миризба. Можеби мириса топло и зачинето, како свежо печени колачиња, или мириса свежо и чисто, како свежо испрани чаршафи и проветрено. За жал, работите би можеле да одат и во спротивна насока. Домот може да мириса на влага и прашина, како куп алишта и ѓубре. Како што веројатно знаете, и вашиот дом има мирис, а можеби и не го забележувате.
Дали некогаш сте се запрашале што ги предизвикува тие мириси, особено оние што се создаваат со текот на времето, за разлика од оние што се појавуваат откако ќе испрскате освежувач во просторијата? Експертите за домови и мириси ја кажуваат вистината за тоа што предизвикува „лош мирис“ и како да го промените вашиот на подобро. Ако претпоставувате дека чистотата е најважна за одржување на пријатниот мирис во домот, во право сте.

– Ако не средите, работите може брзо да станат непријатни. Никој не сака да влезе во место што мириса на соблекувална или на канта за отпадоци – вели Иво Ив, експерт за уредување домови и градини и основач на „Декор хоум ајдиас“.
Често занемарените места што можат да ги кријат најлошите мириси вклучуваат канти за отпадоци, машини за перење и за миење садови и ѓубре. Може да биде тешко да се исчистат, но ако замирисаат, мирисот може да го обземе остатокот од вашиот дом, што ќе оневозможи целокупниот мирис да биде нешто многу убаво. Интересно е што луѓето и домашните миленици што всушност живеат во домот влијаат на неговиот мирис.
– Луѓето произведуваат низа мириси преку својата кожа, коса, здив и телесни функции, а овие мириси можат да се акумулираат во нашите животни простори со текот на времето – вели Линда Кларк, ароматерапевтка во „Сент селектив“.
На пример, ако готвите храна со многу зачини и уживате во храната со силен мирис, ќе имате различен профил на мирис од оние што јадат блага храна. Слично на тоа, домаќинството со пушачи ќе мириса поинаку од домаќинството без пушачи. Вашиот уникатен избор на начин на живот, како што се вентилација и чистота, исто така влегува во игра.