Некои апарати за домаќинство, иако се исклучени, сепак трошат струја, а некои може да предизвикаат дефекти.
Апаратите што треба да се исклучат се модеми, конзоли за игри, лаптопи, рутери и сите уреди што имаат дополнителен полнач. Сите тие треба да се исклучат додека сте на одмор бидејќи, без разлика дали самите уреди работат или не, тие сè уште трошат струја.
Треба да ги исклучите и сите мали апарати за домаќинство, како што се тостери, блендери и сите апарати со мерач на време, бидејќи додека не сте во куќата тие потенцијално можат да бидат опасни.
Исто така, се препорачува да ги исклучите од напојување сите уреди што ги контролирате со далечински управувач, бидејќи тие не се навистина исклучени и безбедни додека не го исклучите напојувањето.
Пред да тргнете на пат, задолжително треба да ги исклучите клима-уредот и бојлерот. Кај клима-уредот не треба да го исклучувате напојувањето, доволно е да го исклучите. И доволно е само да го исклучите бојлерот.
Би било добра идеја да го исклучите и главниот вентил за вода бидејќи тоа ќе обезбеди да не дојде до поплави.