Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Грција, прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас...

Хелсиншкиот комитет апелира на воздржување од говор на омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во денешното соопштение до медиумите наведува дека недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на ставовите и мислењата, но апeлира на воздржаност од употреба на говор на омраза. - На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста за решението на спорот со името помеѓу...

Иванов: Борисов зазема страна, што не придонесува за конструктивност и соработка

Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов од...

Второ издание на адреналинскиот фестивал „Кога во Крушево“

Втора година едноподруго љубителите на планинските адреналински спортови и рекреативците ќе можат да уживаат во убавините на крушевските предели. Оваа година фестивалот „Вен ин Крушево“ или „Кога во Крушево“ ќе се одржи од 29 јуни до 1 јули. Понудата на интересни тури и активности вклучени во картата од 400 денари е збогатена со уште повеќе содржини, па сега покрај стандардните...

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ

Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела.  Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија. – Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости.  Најмногу дела недостигаат во Рим. Дел од уметнички дела недостигаат во Хаг,...

Познати странски изведувачи на „Д-фестивал 2018“

По првиот бран изведувачи што го сочинуваат артисти од современата македонска музичка сцена - Горан Трајкоски, Дуке Бојаџиев, групата „Архангел“ и скопското андерграунд-трио „Палиндром“ - „Д-фестивал“ ги претстави и првите тројца странски артисти за годинашното, осмо издание. Станува збор за три атрактивни имиња, кои првпат ќе настапат во Македонија, и тоа: една од најголемите ѕвезди на новата светска музичка сцена,...

По „Километри“, Лозано со „Јако, јако“ го најавува третиот албум

Спотот за песната „Километри“ само за два месеци имa 1.300.000 прегледи на Јутјуб, што значи дека нашинците низ светот ја прифатија, бидејќи ги потсетува на родниот крај, вели Влатко Лозаноски Влатко Лозаноски-Лозано, еден од најдобрите вокали на македонската естрада, со својата последна песна „Километри“ допре до срцата на многу Македонци расеани низ светот. Досега видеоспотот за последниот хит на Лозано,...

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на владата

Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за  новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022. Лидерот на Нова демократија рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика Ципрас, предлогот за гласање недоверба...

Драматурзите им се потребни на театрите

Во Македонија се вработени 28 драматурзи, беше посочено на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Драматурзите се потребни во македонските театри бидејќи се активен чинител во создавањето на театарската претстава и во репертоарската политика. Ова е ставот на повеќемина учесници (драматурзи, режисери, актери, вработени во театри) што учествуваа на трибината „Местото и улогата на драматурзите во театрите во Македонија“, одржана...

Жарко Башески со „Задушување“ на „Арт капитал“

Скулпторот со видеообраќање на Дунав, беше дел од уметниците што го отворија третото фестивалско издание во Сентандреја Со видеообраќање на лед-екран поставен на Дунав, скулпторот и професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, Жарко Башески, беше дел од уметниците што официјално го отворија 3-от „Арт капитал фестивал“ во Сентандреја, во Унгарија. До 24 јуни до кога и трае годинашното...