За 80 отсто Французи Трамп е агресивен, опасен и расист
Иако неодамнешниот самит во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун придонесе за подобрување на имиџот на претседателот на САД, Доналд Трамп, во очите на Французите тој останува непопуларен, при што повеќе од 80 отсто од нив го сметаат за агресивен, расист и опасен, покажува последната анкета.
Според резултатите од анкетата што за весникот „Фигаро" и Франс енфо ја спроведе Институтот...
Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните
Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник...
Заев: Силно верувам во договорот, конечно се затвора прашањето за идентитет
Македонскиот премиер Зоран Заев преку „Фејсбук“ порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата.
- На 73. седница го разгледавме и усвоивме извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за...
Конечен договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името
Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договорот. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот.
Декласифицирање на договорот со Грција од страна на македонската Влада и негово ставање на увид на јавноста,...
Сончево и топло време
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 17 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне. Ќе дува слаб до умерен...
Рускиот амбасадор Шчербак ја прослави победата на националниот тим на отворањето на СП
Заедничко следење на воведниот натпревар од Светското првенство во фудбал во Русија, меѓу домаќинот и Саудиска Арабија, организираше попладнево во хотелот Русија рускиот амбасадор Олег Шчербак.
Тој им се заблагодари на гостите што дојдоа заеднички да ја бодрат руската репрезентација.
- Со сето мое срце ја поддржувам руската репрезентација и ѝ посакувам голем успех – порача амбасадорот Шчербак.
Инаку, во воведниот натпревар,...
Двете Кореи се согласија за целосна обнова на воените комуникациски линии
Северна и Јужна Кореја денеска се согласија целосно да ги обноват воените комуникациски линии, после повеќе од 10 години, се наведува во заедничко соопштени на двете земји.
На денешните преговори меѓу воени делегации на високо ниво, двете држави разменија и мислења за „пробно" демилитаризирање на пограничното село Панмунџон и се договорија за целосна имплементација на билатералниот договор од 2004 година за...
„Њујорк Џипси Ол Старс“ на “Бит фест 2018”
Позната светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски - Смајко, годинава ќе учествува на битолското културно лето „Бит фест 2018“.
Популарниот Смајко со својата интернацонална група во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 15 август, на Хералеја.
Концертот ќе...
Викендов 27-мо издание на ТЕХО во Тетово
Тетово викендов по 27-ми пат ќе биде домаќин на хорскиот фестивал "Тетовски хорски одзиви" (ТЕХО). Свеченото отворање е на 16- ти, јуни сабота во 19.30 часот во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј".
-Настапуваат градскиот женски младински хор Менада од Тетово, Нишкиот камерен хор, Женски младински хор од Скопје и академски машки хор Гусла од Софија, Бугарија, вели Ивица Зориќ,...
Могерини не поддржува бегалски кампови на Балканот
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, одговорајќи на новинарско прашање за идејата да се отворат кампови за бегалци на Балканот, порача дека ЕУ треба да работи со постојниот модел.
- Имаме систем со Либија и мислам дека може да биде корисен модел, да се поддржи и консолидира. Базиран е на соработка со властите на...








































