Могерини: Договорот да биде инспирација за многумина во регионот
Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево.
- Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со...
Нимиц: Решението на овој проблем бараше мудро лидерство
Медијаторот на ОН во решавање на спорот со името, Метју Нимиц рече дека „нема подобар подарок“ за неговиот роденден со денешното потпишуавње на Договорот со кој конечно се стави крај на повеќедеценскиот спор.
- Да се најде решение за овој проблем бара мудро лидерство и стратешка визија и овие лидери покажаа дека ги поседуваат тие важни квалитети. Не можете често да пронајдете истовремено...
Јапонскиот остров Хоншу погоден од силен земјотрес
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на градот Шибукава во префектурата Гума, во централниот дел на јапонскиот најголем и најнаселен остров Хоншу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 20 километри.
Нема опасност од цунами, а јапонската државна телевизија НХК објави дека засега нема податоци за поврдени луѓе или причинета...
Ципрас: Дојде време да пееме песни што го слават мирот
Денес овде во Преспа почнуваме да пишуваме нова среќна песна, рече грчкиот премиер во обраќањето за време на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција.
Ципрас откри дека е љубител на балканската музика, особено на блех музиката, но и на среќните и весели мелодии од регионот и рече дека „дојде време повторно да пееме среќни песни на Балканот,...
Заев: Избравме решение што нè обединува
Македонскиот премиер Зоран Заев нагласи денеска по потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот за името, дека државата е горда што одбрала решение што обединува.
- Горди сме на овој наш договор. Горди сме зашто се обединивме околу решение на спор којшто нè делеше, и избравме решение што нè обединува. Со потпишувањето на конечниот Договор за решавањето на...
„Катимерини“: Договорот е само чекор напред, треба уште многу да се направи
Договорот за решавање на спорот околу името на Македонија не е дипломатска победа за Грција, како што грчкиот премиер Алексис Ципрас се обиде да го прикаже во своето обраќање кон нацијата на 12 јуни. Ниту, пак, тоа е дипломатска победа за Северна Македонија, како што колегата на Ципрас, Зоран Заев се обиде да го продаде.
Ова го пишува „Катимерини“ во...
Потпишан договорот за името
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Преспа го потпишаa договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.
Според постигнатиот договор, официјалното име на земјава за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија.
На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, присустуваа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12...
ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најголемото оружје на Грција
Зоран Заев е најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името, оценуваат одф опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува Уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со...
Бошњаковски: Ова е историски момент за двете земји, за Балканот, за Европа
Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го држеше назад целиот регион. На...
Јужна Кореја и САД прекинуваат со големи воени вежби
Јужна Кореја и САД оваа недела се очекува да објават дека ќе прекинат со спроведување големи заеднички воени вежби, но под услов тие да бидат обновени ако Северна Кореја не го исполни ветувањето да се откаже од нуклеарното оружје.
Неименуван владин извор во Сеул изјавил дека прекинот ќе се однесува најмногу на трите големи заеднички воени вежби кои САД и...








































