Кумуцакос: Каменос даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата

Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името. - Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина -...

Борисов: Договорот меѓу Македонија и Грција ќе ни помогне да живееме заедно подобро

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа. - Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска -...

Фити: Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности Таки Фити. - Ова е компромисно решение...

Употребен солзавец против демонстрантите во грчка Преспа

Грчката полиција употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во време додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција. Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец. „Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со...

Меј: Парламентот да не го блокира Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека е важно да се обезбеди Парламентот на земјата да не може да го блокира Брегзит, и со тоа застана во одбрана на својот пристап за усвојување на закон со кој ќе се заврши членството на Британија во ЕУ. - Мораме да ја признаеме улогата на Парламентот, но и да обезбедиме на Владата да...

Хан: Договорот е добар компромис во кој сите добиваат

Требаше многу време и многу пат за да стигнеме таму каде што сме денеска. Ова е историски ден и можност за граѓаните на Северна Македонија да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции. На крајот од денот сите ќе видат дека договорот е добар компромис во кој сите добиваат по нешто - изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес...

Могерини: Договорот да биде инспирација за многумина во регионот

Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево. - Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со...

Нимиц: Решението на овој проблем бараше мудро лидерство

Медијаторот на ОН во решавање на спорот со името,  Метју Нимиц рече дека „нема подобар подарок“ за неговиот роденден со денешното потпишуавње на Договорот со кој конечно се стави крај на повеќедеценскиот спор. - Да се најде решение за овој проблем бара мудро лидерство и стратешка визија и овие лидери покажаа дека ги поседуваат тие важни квалитети. Не можете често да пронајдете истовремено...

Јапонскиот остров Хоншу погоден од силен земјотрес

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на градот Шибукава во префектурата Гума, во централниот дел на јапонскиот најголем и најнаселен остров Хоншу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 20 километри. Нема опасност од цунами, а јапонската државна телевизија НХК објави дека засега нема податоци за поврдени луѓе или причинета...

Ципрас: Дојде време да пееме песни што го слават мирот

Денес овде во Преспа почнуваме да пишуваме нова среќна песна, рече грчкиот премиер во обраќањето за време на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција. Ципрас откри дека е љубител на балканската музика, особено на блех музиката, но и на среќните и весели мелодии од регионот и рече дека „дојде време повторно да пееме среќни песни на Балканот,...