„Спајс Грлс“ ја откажаа планираната турнеја

Ветената турнеја на „Спајс Грлс“, што требаше да им донесе на пејачките по 30 милиони фунти, нема да се одржи, соопштија медиумите на Островот. Се очекуваше групата да се обедини за неколку проекти, вклучувајќи и светска турнеја. Иако Викторија Бекам велеше дека нема да учествува во турнејата, останатите - Мел Би, Мел Си, Ема Бантон и Гери Хорнер, се...

Зехофер: Немам намера да ја уривам Владата

Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер инсистира на тоа дека неговата партија, баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), нема намера да ја урива канцеларката Ангела Меркел и нејзината Влада, но и оти нема знаци за компромис околу мигрантите. Зехофер бара Германија да почне да враќа од граница некои азиланти, додека Меркел е против еднострана акција, тврдејќи дека тоа би ја...

Албанија почнува со изградба на автопатот кон Македонија

Рама од Пешкопеја најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“). - Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историската неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача...

Отворен 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Седумдесет и четири странски студенти кои го слушаат предметот македонски јазик во рамки на студиските програми на своите универзитети, студенти кои истражуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката од 25 држави се дел од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и...

Одгласи од потпишувањето на Договорот во Преспа во светските медиуми

Светските агенции со посебно внимание ја пренесоа веста за потпишувањето на Договорот со кој Македонија и Грција го решија 27 годишниот спор за името. Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името, пишува Франс прес. - Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што...

АНА-МПА: Ципрас прв грчки премиер што ја посети ПЈРМ

Алексис Ципрас е првиот грчки премиер што ја посети ПЈРМ, oбјави грчката новинска агенција АНА-МПА. Наводите на агенцијата се поместени во текстот посветен на церемонијата што следи на македонска страна по потпишувањето на договорот. Од грчкото село Псарадес, преку водите на Преспанското Езеро, двајцата премиери стигнаа во Отешево, каде што имаат заеднички ручек.

Кумуцакос: Каменос даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата

Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името. - Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина -...

Борисов: Договорот меѓу Македонија и Грција ќе ни помогне да живееме заедно подобро

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа. - Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска -...

Фити: Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности Таки Фити. - Ова е компромисно решение...

Употребен солзавец против демонстрантите во грчка Преспа

Грчката полиција употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во време додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција. Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец. „Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со...