ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најголемото оружје на Грција
Зоран Заев е најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името, оценуваат одф опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува Уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со...
Бошњаковски: Ова е историски момент за двете земји, за Балканот, за Европа
Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го држеше назад целиот регион. На...
Јужна Кореја и САД прекинуваат со големи воени вежби
Јужна Кореја и САД оваа недела се очекува да објават дека ќе прекинат со спроведување големи заеднички воени вежби, но под услов тие да бидат обновени ако Северна Кореја не го исполни ветувањето да се откаже од нуклеарното оружје.
Неименуван владин извор во Сеул изјавил дека прекинот ќе се однесува најмногу на трите големи заеднички воени вежби кои САД и...
СП: Хрватска со рутинска победа над Нигерија
Хрватска ја победи Нигерија со 2:0 и излезе на чело во групата „Д“ на Мундијалот 2018. Тимот на Златко Далиќ целосно доминираше на натпреварот, не им даде никаква шанса на Африканците и речиси без проблеми забележа победа.
Хрватите одиграа многу паметно и тактички правилно и со минимален напор ги освоија трите бода..
Головите за „коцкастите“ ги постигнаа Лука Модриќ во 71-та...
Таксистот што удри во пешаци во Москва заспал зад волан
Таксистот, кој вчера удри во група луѓе на тротоар во центарот на Москва, не бил под дејство на алкохол, туку заспал зад волан, соопштија претставници на службата за вонредни ситуации.
Во инцидентот беа повредени седум лица, но никој потешко.
Руските медиуми јавија дека таксистот е од Киргистан, престојува легално во Русија и ги има сите неопходни документи за работа.
Возачот е приведен...
Сончево, попладне дожд и грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно,...
Конечниот договор за името се парафира во Преспа
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, денеска во Преспа треба да го потпишат договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.
Според постигнатиот договор, официјалното име на земјава за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија.
На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран...
Ципрас: Проблемот за опозицијата е што постигнавме договор и тоа добар
Вашиот проблем не е тоа дека е лош договорот, туку дека постои договор и е добар, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, обраќајќи се до Нова демократија на денешната расправа во грчкиот парламент.
- Ова е еден договор што би сакал да го има на маса секој грчки премиер по 1995 и Времената спогодба, бидејќи не содржи само сложено име со...
Грчкиот парламент не и изгласа недоверба на владата на Ципрас
Со 127 гласа за и 153 против, грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.
Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата.
Кажаното „да“ од Димитрис Каменос беше дочекано со аплаузи од Нова демократија, но и...
Такси удри во група луѓе во центарот на Москва, 7 лица повредени
Најмалку седум лица се повредени кога едно такси возило денеска удри во група луѓе во центарот на Москва.
Руските медиуми јавуваат дека таксито прво удрило во сообраќаен знак, а потоа и во група луѓе.
За сега не се познати околностите на инцидентот.








































