Пред Собранието и вечерва протест против договорот со Грција

Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на министрите за надворешни работи на двете...

Вкупно 17 загинати во автобуска несреќа во Боливија

Вкупно 17 луѓе загинале и 30 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случила во јужната боливиска провинција Потоси, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила кога автобусот со голема брзина удрил во карпа. Властите соопштија дека ова е најтешката сообраќајна несреќа во Боливија од почетокот на годинава. 

Били Боб Торнтон по 15 години откри зошто се развел од Џоли

 Американскиот актер Били Боб Торнтон ги откри причините за разделбата со една од најубавите актерки во Холивуд, Анџелина Џоли. Торнтон потсети дека двајцата со Џоли биле сметани за најзаљубениот пар на Холивуд - исти тетоважи, страсни бакнежи на црвениот тепих. Според него, во реалноста односите им биле доста помирни отколку што ги претставувале во медиумите. А причина за разделбата била...

Десетици мртви во експлозија на заедничка прослава на талибанци и авганистански војници

Бомбаш самоубиец денеска се разнесе на собир на талибанци и авганистански безбедносни претставници во градот Џалабад во покраината Нангархар, на кој се прославувал крајот на Рамазан и тридневниот прекин на огнот. Според некои медиуми, во експлозијата загинале 11 лица, додека според други, бројот на жртвите изнесува најмалку 20 лица. Повредени се најмалку 12 луѓе. Шефот на полицијата во Нангархар Гулам Санаји...

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе биде потпишан во Псарадес и Отешево

Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Република Грција ќе биде потпишан утре во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, по што официјалната средба на двете делегации ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, соопшти вечерва владината прес-служба.  Потписи на договорот ќе стават министрите за...

Во Турција уапсени 30 странци за поврзаност со ИД

Турските безбедносни сили уапсиле 30 странци поради сомневање дека се поврзани со терористичката група „Исламска држава“, јавија локалните медиуми. Антитерористичката операција била спроведена во седум области во Истанбул. Кај уапсените бил пронајден пропаганден материјал и документи за активноста на групата во дигитална форма и на хартија. Според полицијата, која не соопштува од кои земји се странците, уапсените планирале да извршат напади во...

Меркел: Миграцијата е европски предизвик и бара европски одговор

Миграцијата е европски предизвик и има потреба од европски одговор, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во однос на спорот во нејзината влада по ова прашање, а пред состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон. - Според мене, ова прашање е клучно за зачувување на единството на Европа - рече таа. Меркел не се согласува со министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, поради...

Марвијк разочаран: Заслуживме барем реми

Тренерот на Австралија, Берт ван Марвијк, го прокоментира првиот натпревар на неговиот тим на Светски куп против Франција.  „Кенгурите“ играа солидно и имаа активен резултат 1:1 до 80-тата минута, кога Погба ја донесе победата на Франција. - Да изгубиш со толку среќен гол е фрустрирачки. Сепак треба да се гордееме од начинот на кој игравме против еден од најдобрите тимови во...

Ѕанакопулос: Се најдоа двајца лидери со мозок да стават крај на спорот

 Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во говорот за време на расправата во грчкиот парламент. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос истакна дека со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и...

Се урна авион во Русија, загинаа две лица

Приватен авион од типот Јак-52 се урна на Алтајска територија, соопшти извор од службата за вонредни ситуации за руските медиуми. - Според прелиминарните податоци, во авионот имало двајца пилоти и двајцата загинале - навел изворот. Тој прецизирал дека авионот се урнал додека слетувал, а на земјата нема повредени луѓе ниту причинета материјална штета.