Самарас: Договорот може да предизвика експлозии

Да запаметите дека со договорот го затворивте привремено, не го решивте прашањето и оттука па натаму, отворате уште полоши проблеми, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, обраќајќи се до Алексис Ципрас, за време на обраќањето во грчкиот парламент. Самарас смета дека решението или нема да издржи низ времето или ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира регионот. - Овој договор,...

Германската министерка за одбрана побара дополнителни 25 милијари евра за Бундесверот

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен побара за Бундесверот - вооружените сили на земјата, дополнителни 15 милијарди евра до крајот на парламентарниот мандат (до 2021 година) и уште 10 милијарди евра за следната 2022 година, јави денеска весникот „Билд“, повикувајќи се на доверлив документ на Министерството. Без дополнителните средства ќе бидат загрозени повеќе од 200 нови проекти во...

Новинарот Стефан Цветковиќ тврди дека бил киднапиран, имал контакти со лица од Македонија и Приштина

Весникот „Вечерње новости“ од свои разузнавачки извори денеска пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ, во полицијата тврдел дека бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи целиот негов исказ како и пронајдените докази им се сомнителни, поради што новинарот се уште се наоѓа во...

Технологијата и помогна на Франција за успешен старт на Светското во Русија

Франција забележа многу тешка победа на стартот на СП во Русија, откако во Казан успеа да го победи аутсајдерот Австралија со 2:1. Во 58-та минута Гризман беше прецизен од пенал, откако претходно беше „консултиран“ ВАР системот и така им донесе предност на „петлите“. Резултатот сепак беше изедначен само четири минути потоа, откако Умтити играше со рака во својот шеснаесетник и судијата...

Протест на ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола против договорот со Грција

Членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата која се одржала синоќа одлучиле дека договорот на  Заев со грчкиот премиер Ципрас е исклучително штетен и е во апсолутна спротивност со државните и националните интереси на Република Македонија. -Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања. Ваквиот договор предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на државата и...

Мнозинството Грци против договорот и името Македонија

„Не“ за договорот велат 68.3 отсто, а „не“ за името Македонија 73,2 отсто од испитаниците во новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“. Според резултатите, 49 отсто од гласачите на СИРИЗА се против договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас. Во однос на распоредот на силите на грчката политичка сцена, се забележува голема разлика...

Протест против отворање на рудникот Иловица-Штука

Под мотото „Струмица и Струмичко против рудникот на смртта“ денеска во Струмица се одржа протестен марш против отворањето на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Учесниците на маршот тврдат дека нема да дозволат отворање на рудник бидејќи тоа ќе влијае на нарушување на целокупната еко рамнотежа во Струмичкиот регион. - Се собравме денес да го искажаме нашиот револт пртив отворањето на...

Захариева: По потпишувањето на договорот зелено светло за Македонија за почеток на преговори

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во Градскиот парк во Скопје, каде учествуваше на отворањето на фестивалот „One love tour 2018“ изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, закажано за утре во Мала Преспа, Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за...

Заврши првата смена од летниот камп по веронаука во Рајчица

Во манастирот „Свети Ѓорги Победоносец“, во селото Рајчица кај Дебар заврши првата од предвидените осум смени од годинашниот летен камп по веронаука. Сестра Ефимија од манастирот во Рајчица изјави дека изминатите денови ги минале во атмосфера на детска радост и љубов со 30-тина девојчиња од Скопје. - Сите тие, освен што присуствуваа на традиционалните часови по веронаука поврзани со христијанската етика...

Леши: Лудост е ЕУ да ја условува Албанија со бегалски кампови

Доколку Европската унија побара изградба на камп за бегалци или за балканските повратници од ИД во Албанија под услов да започнат преговорите,тоа би било лудост, смета Сандер Леши, советник на премиерот Еди Рама за безбедносни прашања. Тој категорично ја негира можноста Албанија да се претвори во прифатен камп за бегалци кои се стремат кон земјите на ЕУ и оценува дека...