Одложено прскањето против комарци

 Центарот за развој на Југоисточниот плански регион соопшти дека најавеното прскање против комарци што требаше да се реализира во сите десет општини во регионот е одложено. - Се известуваат граѓаните на Југоисточниот плански регион дека поради временските услови и обилните врнежи првото прскање против комарци се одложува. Ќе се изврши во текот на следната недела, за што јавноста дополнително ќе...

Одбележани 20 години од основањето на нотаријатот во Македонија

Нотарската комора на Република Македонија денеска со свечена седница ја одбележа 20-годишнината од основањето на нотаријатот во Македонија. На седницата свое  обраќање имаше министерката за правда Рената Дескоска, претседателот на Нотарската комора Васил Кузманоски, претседателот на Меѓународната унија на нотаријатите Хозе Мркуењо Де Лано и потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора Ричард Бок.  - Пред точно 20 години, во правниот систем...

И денеска протест пред грчкиот парламент за договорот со Македонија

Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие ја повикуваат „цела Грција на Синтагма“ и велат: Ако не сега, кога? Ако не ние, кои? Останува енигма дали времето во Атина...

Полицијата се уште го бара за да го уапси пратеникот од Златна зора

Пратеникот од Златна Зора, Константинос Барбарусис кој вчера од парламентот повика на воен пуч, се уште не е уапсен, а полицијата од доцна синоќа, кога успеал со автомобил да им побегне, уште трага по него, јави дописничката на МИА од Атина. Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, сега се товари и за обид...

ЕПП повикува на конструктивност кон договорот за името од сите страни

Европската народна партија (ЕПП) ги повика сите страни вклучени во процесот за името да покажат конструктивност. - Го поздравуваме договорот постигнат помеѓу двете влади во Атина и Скопје, кој работи на изнаоѓање решение за долгогодишниот билатерален спор - се наведува во соопштението. ЕПП се надева дека процесот на имплементација ќе се одвива без пречки од двете страни со што ќе се...

Со возење велосипед се намалува стресот

Возењето велосипед има здравствени придобивки, се заштитува животната средина и се учат децата на здрави навики, порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Оттаму посочуваат дека со возењето велосипед се намалува стресот, се согоруваат 600 калории на час и се намалуваат CO2 емисиите во сообраќајот.  - Вашето срце има исклучително важна функција, а возењето велосипед го прави посилно. Возењето велосипед...

Брок: Семејната историја делумно појаснување за ставот на Нова демократија за договорот

Болната семејна историја делумно го појаснува ставот на опозициската грчка партија Нова демократија во однос на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, вели Елмар Брок, задолжен за надворешна политика во ЕПП.  Договорот, кој го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на 12 јуни, а кој утре треба да биде потпишан, наиде на неодобрување од...

Каменос: Се обврзуваме дека договорот нема да се ратификува во Парламентот

Јасна поддршка за Владата во пресрет на гласањето недоверба, но и јасна порака против договорот со Македонија испрати лидерот на Независни Грци и министер за одбрана Панос Каменос преку неговиот Твитер профил. Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалициониот партнер во владата порача дека Независни Грци се обврзуваат договорот да не се ратификува во грчкиот Парламент и објасни...

Коѕијас во Парламентот ќе претстави доверливи документи за преговорите за името

По наредба на Никос Коѕијас, околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името, било побарано од грчкото МНР да се декласифицираат, а денеска министерот за надворешни работи на Грција ќе ги објави на расправата во Парламентот, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори. За информацијата не постои официјална потврда, а според натписите, станува збор документи кои откриваат како...

Во пожар уништена зграда од Универзитетот во Глазгов

Голем пожар што изби во Уметничката школа во рамки на Универзитетски комплекс во Глазгов уништи една зграда, изградена во 1909 година и се прошири на уште две. Пожарот избил доцна синоќа и за негово гаснење биле ангажирани 120 пожарникари.  Засега нема извештаи дека во пожарот има повредени. Зданието Мекинтош, што изгоре требаше по реставрација од пожар во 2014 година, да биде...