Димитров: Договорот е клуч кој отвора врата кон ЕУ
Договорот е клуч кој отвора врата кон ЕУ, а пак земјите членки ќе ја препознаат шансата да обезбедат иднина за Унијата, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров по потпишувањето на Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство во интервју за Телевизија 24.
- Меѓу главните мотиви зошто овој договор го правиме е да ја...
Над 30 убиени во два напада во Нигерија
Најмалку 31 лице е убиено ноќеска во двоен самоубиствен напад на членовите на исламистичката група Боко Харам на североистокот на Нигерија, пренесува АФП.
- Минатата ноќ се изведени два самоубиствени напада и одекнуваа експлозија во Дамбоа, 31 лице е убиено и неколкумина се ранети – соопшти припадник на локалната полиција.
По двојниот напад џихадистите врз насобраната толпа почнала да фрла и...
Убиецот на милионерката Лашманова уапсен во Албанија
Албанската полиција во Тирана го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница, под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова.
Во моментот на апсењето, Становиќ (22) бил заедно со неговиот татко, Зоран Станиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват.
Албанските власти, кои биле во постојан контакт со црногорските колеги, се сомневале дека осомничениот...
Двајца повредени во напад со нож на југот на Франција
Една жена повреди денеска со нож две лица на југот на Франција, извикувајќи „Алаху акбар“, пренесуваат француските медиуми.
Според истите извори, еден муштерија бил повреден во пределот на градите и бил одведен во болница. Една жена на касата била полесно повредена.
Жената што го извршила нападот била приведена.
Еден загинат во оружен инцидент на фестивал во Њу Џерси
Едно лице загина, а над 20 се повредени во оружен инцидент на уметнички фестивал во Трентон, главниот град на американската сојузна држава Њу Џерси, пренесуваат денеска американските медиуми.
Инцидентот се случил во раните утрински часови денеска.
Еден од напаѓачите бил убиен, а вториот бил уапсен од полицијата.
Во критична состојба се четири лица.
СП: Србија славеше против Костарика
Репрезентацијата на Србија денеска оствари победа против Костарика на својот прв натпревар на Светското првенство 2018.
Србите запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар.
„Орлите" можеа да си заминат со поголема во однос на голови победа,...
Експлозија во Авганистан, најмалку 10 загинати
Најмалку десет лица се убиени, а 30 повредени во експлозија пред владина канцеларија во авганистанската провинција Нангархар, соопштија властите.
Засега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот.
Талибанците денеска објавија дека нема да го продолжат тридневното примирје со авганистанските сили воведено по повод крајот на Рамазан, и оти ќе ја продолжат борбата кога тоа ќе истече.
Тридневниот прекин на огнот стапи во...
Македонски и грчки пратеници се сретнаа во Преспа
Македонските пратеници што присуствуваа на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, во Псарадес оствариле средба со нивни грчки колеги од владејачката СИРИЗА, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
За време на средбата, пратениците се согласиле да останат во контакт и да разгледаат во кои области може да има соработка меѓу двете земји.
Според информации на АНА-МПА, на средбата бил присутен и...
МотоГП: Лоренцо победи на патеката во Барселона
Хорхе Лоренцо со Дукати во МотоГП ја забележа втора последователна победа за сезоната на патеката во Барселона.
Шпанецот ја продолжи победничката низа, која започна во Италија и се приклучи на групата Џакомо Агостини, Валентино Роси и Дани Педроса со над 150 подиуми.
Шампионот Марк Маркез со Хонда го освои второто место, а Валентино Роси ја заврши трката...
Мицкоски: Македонија се соочува со предавство и капитулација
Со крст, на кој пишуваше дека на денешен ден е погребана Република Македонија и молитва на свештеници од битолската епархија, почна протестниот марш на ВМРО ДПМНЕ во Битола.
Колоната, на чие чело беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски својот протестен марш го почна од пред спортската сала Младост до плоштатот Гоце Делчев.
На протестниот марш присуствуваа...








































