Мексико го приреди првото изненадување на СП, ја совлада Германија
Во дуелот од Ф групата селекцијата на Мексико го совлада актуелниот светски шампион Германија со 1-0.
До победата, упорните и борбени Мексиканци стигнаа во 36.минута кога по една брза контра, Лозано го постигна единствениот гол на мечот.
Вториот натпревар од оваа група меѓу Шведска и Кореја ќе се игра утре.
Превртен шлепер кај Росоман го блокираше сообраќајот
Превртен унгарски шлепер го блокира патот близу Росоман. Возачот поминал со полесни повреди.
Возилата се пренасочуваат кон Кавадарци, а полицијата во моментов врши увид на местото и го регулира сообраќајот.
Федерер со титула во Штутгарт го прослави враќањето на врвот на АТП листата
Откако ја пропушти сезоната на земја, Роџер Федерер ја заврши својата прва недела назад на теренот со нова титула.
На турнирот на трева во Штутгарт, 36-годишниот Швајцарец го прослави враќањето на врвот на светската ранг-листа што си го обезбеди вчера, со трофеј во германскиот град. Во финалето, Федерер го победи Милош Раониќ со 6:4, 7:6 (3) по 1...
Димитров: Договорот е клуч кој отвора врата кон ЕУ
Договорот е клуч кој отвора врата кон ЕУ, а пак земјите членки ќе ја препознаат шансата да обезбедат иднина за Унијата, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров по потпишувањето на Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство во интервју за Телевизија 24.
- Меѓу главните мотиви зошто овој договор го правиме е да ја...
Над 30 убиени во два напада во Нигерија
Најмалку 31 лице е убиено ноќеска во двоен самоубиствен напад на членовите на исламистичката група Боко Харам на североистокот на Нигерија, пренесува АФП.
- Минатата ноќ се изведени два самоубиствени напада и одекнуваа експлозија во Дамбоа, 31 лице е убиено и неколкумина се ранети – соопшти припадник на локалната полиција.
По двојниот напад џихадистите врз насобраната толпа почнала да фрла и...
Убиецот на милионерката Лашманова уапсен во Албанија
Албанската полиција во Тирана го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница, под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова.
Во моментот на апсењето, Становиќ (22) бил заедно со неговиот татко, Зоран Станиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват.
Албанските власти, кои биле во постојан контакт со црногорските колеги, се сомневале дека осомничениот...
Двајца повредени во напад со нож на југот на Франција
Една жена повреди денеска со нож две лица на југот на Франција, извикувајќи „Алаху акбар“, пренесуваат француските медиуми.
Според истите извори, еден муштерија бил повреден во пределот на градите и бил одведен во болница. Една жена на касата била полесно повредена.
Жената што го извршила нападот била приведена.
Еден загинат во оружен инцидент на фестивал во Њу Џерси
Едно лице загина, а над 20 се повредени во оружен инцидент на уметнички фестивал во Трентон, главниот град на американската сојузна држава Њу Џерси, пренесуваат денеска американските медиуми.
Инцидентот се случил во раните утрински часови денеска.
Еден од напаѓачите бил убиен, а вториот бил уапсен од полицијата.
Во критична состојба се четири лица.
СП: Србија славеше против Костарика
Репрезентацијата на Србија денеска оствари победа против Костарика на својот прв натпревар на Светското првенство 2018.
Србите запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар.
„Орлите" можеа да си заминат со поголема во однос на голови победа,...
Експлозија во Авганистан, најмалку 10 загинати
Најмалку десет лица се убиени, а 30 повредени во експлозија пред владина канцеларија во авганистанската провинција Нангархар, соопштија властите.
Засега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот.
Талибанците денеска објавија дека нема да го продолжат тридневното примирје со авганистанските сили воведено по повод крајот на Рамазан, и оти ќе ја продолжат борбата кога тоа ќе истече.
Тридневниот прекин на огнот стапи во...








































