Отворен 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Седумдесет и четири странски студенти кои го слушаат предметот македонски јазик во рамки на студиските програми на своите универзитети, студенти кои истражуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката од 25 држави се дел од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и...

Одгласи од потпишувањето на Договорот во Преспа во светските медиуми

Светските агенции со посебно внимание ја пренесоа веста за потпишувањето на Договорот со кој Македонија и Грција го решија 27 годишниот спор за името. Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името, пишува Франс прес. - Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што...

АНА-МПА: Ципрас прв грчки премиер што ја посети ПЈРМ

Алексис Ципрас е првиот грчки премиер што ја посети ПЈРМ, oбјави грчката новинска агенција АНА-МПА. Наводите на агенцијата се поместени во текстот посветен на церемонијата што следи на македонска страна по потпишувањето на договорот. Од грчкото село Псарадес, преку водите на Преспанското Езеро, двајцата премиери стигнаа во Отешево, каде што имаат заеднички ручек.

Кумуцакос: Каменос даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата

Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името. - Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина -...

Борисов: Договорот меѓу Македонија и Грција ќе ни помогне да живееме заедно подобро

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа. - Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска -...

Фити: Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности Таки Фити. - Ова е компромисно решение...

Употребен солзавец против демонстрантите во грчка Преспа

Грчката полиција употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во време додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција. Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец. „Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со...

Меј: Парламентот да не го блокира Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека е важно да се обезбеди Парламентот на земјата да не може да го блокира Брегзит, и со тоа застана во одбрана на својот пристап за усвојување на закон со кој ќе се заврши членството на Британија во ЕУ. - Мораме да ја признаеме улогата на Парламентот, но и да обезбедиме на Владата да...

Хан: Договорот е добар компромис во кој сите добиваат

Требаше многу време и многу пат за да стигнеме таму каде што сме денеска. Ова е историски ден и можност за граѓаните на Северна Македонија да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции. На крајот од денот сите ќе видат дека договорот е добар компромис во кој сите добиваат по нешто - изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес...

Могерини: Договорот да биде инспирација за многумина во регионот

Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево. - Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со...