СП: Србија славеше против Костарика
Репрезентацијата на Србија денеска оствари победа против Костарика на својот прв натпревар на Светското првенство 2018.
Србите запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар.
„Орлите" можеа да си заминат со поголема во однос на голови победа,...
Експлозија во Авганистан, најмалку 10 загинати
Најмалку десет лица се убиени, а 30 повредени во експлозија пред владина канцеларија во авганистанската провинција Нангархар, соопштија властите.
Засега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот.
Талибанците денеска објавија дека нема да го продолжат тридневното примирје со авганистанските сили воведено по повод крајот на Рамазан, и оти ќе ја продолжат борбата кога тоа ќе истече.
Тридневниот прекин на огнот стапи во...
Македонски и грчки пратеници се сретнаа во Преспа
Македонските пратеници што присуствуваа на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, во Псарадес оствариле средба со нивни грчки колеги од владејачката СИРИЗА, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
За време на средбата, пратениците се согласиле да останат во контакт и да разгледаат во кои области може да има соработка меѓу двете земји.
Според информации на АНА-МПА, на средбата бил присутен и...
МотоГП: Лоренцо победи на патеката во Барселона
Хорхе Лоренцо со Дукати во МотоГП ја забележа втора последователна победа за сезоната на патеката во Барселона.
Шпанецот ја продолжи победничката низа, која започна во Италија и се приклучи на групата Џакомо Агостини, Валентино Роси и Дани Педроса со над 150 подиуми.
Шампионот Марк Маркез со Хонда го освои второто место, а Валентино Роси ја заврши трката...
Мицкоски: Македонија се соочува со предавство и капитулација
Со крст, на кој пишуваше дека на денешен ден е погребана Република Македонија и молитва на свештеници од битолската епархија, почна протестниот марш на ВМРО ДПМНЕ во Битола.
Колоната, на чие чело беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски својот протестен марш го почна од пред спортската сала Младост до плоштатот Гоце Делчев.
На протестниот марш присуствуваа...
„Спајс Грлс“ ја откажаа планираната турнеја
Ветената турнеја на „Спајс Грлс“, што требаше да им донесе на пејачките по 30 милиони фунти, нема да се одржи, соопштија медиумите на Островот.
Се очекуваше групата да се обедини за неколку проекти, вклучувајќи и светска турнеја. Иако Викторија Бекам велеше дека нема да учествува во турнејата, останатите - Мел Би, Мел Си, Ема Бантон и Гери Хорнер, се...
Зехофер: Немам намера да ја уривам Владата
Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер инсистира на тоа дека неговата партија, баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), нема намера да ја урива канцеларката Ангела Меркел и нејзината Влада, но и оти нема знаци за компромис околу мигрантите.
Зехофер бара Германија да почне да враќа од граница некои азиланти, додека Меркел е против еднострана акција, тврдејќи дека тоа би ја...
Албанија почнува со изградба на автопатот кон Македонија
Рама од Пешкопеја најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“
Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“).
- Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историската неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача...
Отворен 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Седумдесет и четири странски студенти кои го слушаат предметот македонски јазик во рамки на студиските програми на своите универзитети, студенти кои истражуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката од 25 држави се дел од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и...
Одгласи од потпишувањето на Договорот во Преспа во светските медиуми
Светските агенции со посебно внимание ја пренесоа веста за потпишувањето на Договорот со кој Македонија и Грција го решија 27 годишниот спор за името.
Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името, пишува Франс прес.
- Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што...








































