Кичево ќе добие нова пречистителна станица за отпадни води
Утре со мала свеченест и официјално ќе биде предадена во употреба новата пречистителна станица за отпадни фекални води во Кичево. Новата пречистителна станица започна да се гради есента 2016 година и се гради во две фази.
-Во првата фаза изградена е пречистителната станица и колекторски систем за градот и приградските населби, еквивалент за 36.000 жители. Во втората фаза се гради...
Голема Пешт повторно се истражува
Годинава ќе се спроведуваат анализи што можат да ја измерат староста на примероци од пештерата кај селото Здуње дури до 2 милиони години пр. н.е.
Катерина Богоева
По пауза од две години, повторно се истражува палеолитскиот локалитет Голема Пешт кај селото Здуње. Тим од стручни лица од Македонија, Хрватска, Унгарија и САД, до 15 јули ќе работи на собирање седименти од...
Концерт на уметници од Полска и 11 претстави на „Битола Шекспир фестивал“
Атрактивен а капела „Шекспир концерт“ и 11 театарски претстави ќе изведат над 500 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и од Македонија на годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Од Народен театар-Битола, организатор на 6-то издание на „Шекспир фестивалот“, најавуваат дека годинешната понуда е посебно квалитетна и се подготвени за свеченото отворање, закажано за 23 јуни, со претставата „Јулиј Цезар“,...
Црните дамки на елинизмот – насилничко погрчување
Димитри Литоксоу (1953) е еден од ретките грчки интелектуалци, кои имаа храброст, посебно во време на засилена националистичка пропаганда во Грција, да проговори за чувствителните грчки теми и проблеми. Тој повеќе години се занимава со проучување на малцинствата во Грција како и со односот на официјалната грчка политика спрема нив. Неколку години особено внимание му посвети на македонското прашање.
ГРЦИЈА...
Рама: Патот на Арбр ќе стане реалност
Албанскиот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот Руга е Арбрит (Патот на Арбр).
- Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историската неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача ја има албанската држава. Руга е Арбрит ќе го оживее...
Зголемен приливот на мигранти од Албанија
Црна Гора се соочува со загрижувачка ситуација на пораст на бројот на илегални мигранти што од Грција преку Албанија пристигнуваат на нејзина територија, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ
- Во првите пет месеци од годинава се регистрирани околу 1.500 илегални преминувања на границата, што е значително повеќе отколку во целата претходна година. Очигледно е дека постои проблем и трендот не...
Зошто белграѓанките се без партнери?
Иако во просек се раѓаат 1,5 отсто повеќе машки отколку девојчиња, главниот град на Србија има недостиг од мажи. Гледано низ бројки, во Белград има дури 96.674 жени повеќе отколку мажи
Во српскиот главен град има најмалку 96.647 жени што немаат партнер, а некои од причините за тоа се што мажите често мигрираат, млади умираат, а жените во сѐ поголем...
Албанци приведени за кражби побегале од полициска станица во Атина
Откако го отстраниле заштитното железо од прозорец и направиле мала дупка, тројца албански државјани, уапсени за низа кражби, во шест часот и 30 минути, утрово побегнаа од полициска станица во Атина.
Останува енигма, како тројцата Албанци, успеале да ја отстранат заштитната ограда на прозорецот од објектот на полициската станица, додека, пак, побегнале откако преку цевка за одвод се спуштиле по...
Не се знае колку дополнително ќе чини автопатот Кичево-Охрид
Сė уште не се знае колку дополнително ќе чини изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Во моментот се преговара за дополнителните активности кои не биле предвидени со проектот како што се клучките, споредните патишта и довршувањето на тунелот.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов очекува дека за околу еден месец ќе се знае уште колку точно...
Педесетина содржини во рамки на овогодинешното „Скопско лето“
Педесетина програмски содржини ќе има на фестивалот „Скопско лето 2018“ кој традиционално ќе се одржува од 21 јуни до 31 јули. Ќе биде отворен в четврток, на Светскиот ден на музиката, со концерт на музичари од Израел во Македонската филхармонија.
Во пресрет на официјалното отворање, пак, утревечер во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложба на Владимир Темков...








































