„Сонот на Вилијам“ – премиера на Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Сонот на Вилијам“ во режија на Кренаре Невзати-Кери, работена според делата на Вилијам Шекспир.
Режисерката и кореограф е и автор на адаптацијата на драмите на Шекспир, според преводите и препевите од Богомил Ѓузел, Драги Михајловски и Георги Сталев.
Претставата раскажува за сонот што малиот Вилијам (кого го игра Бојан Кирковски) го...
Тунтев: Договорот е висок патриотски чин кој носи европска иднина
Договорот за кој треба да се изјасниме е висок патриотски чин, носи иднина за државата и за сите граѓани. Овој договор го гарантира македонскиот идентитет, македонски народ, Македонец, Македонска, македонски, еднаш засекогаш, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.
Од прес-конференцијата во Собранието, Тунтев ги повика пратениците од опозицијата да се вратат и да учествуваат во дискусијата...
Тетовци може да погледнат 27 филмови на “Воч аут” фестивалот
Од вторник 19 јуни до петок 22 јуни во Тетово ќе се прикажуваат 27 интернационални и домашни кратки филмови во рамки на седмото издание на филмскиот фестивал "Воч аут" (Watch out).
Филмските проекции ќе се прикажуваат на отворено во дворот на Музејот на Комунистичката партија во Тетово, а во случај на непогодни временски прилики во просториите на...
Промоција на книгата „Го силувавме ежот“
Издавачката куќа „Антолог“ организира промоција на книгата „Го силувавме ежот“ од македонскиoт писател и хуморист Марјан Анѓеловски, која ќе се одржи утревечер, во 20 часот, на малата сцена на Универзалната сала. Промотор на книгата ќе биде рецензентот Игор Ивковиќ. На промоцијата ќе биде изведен и дел од драмската претстава работена според книгата, во која, покрај самиот автор, настапуваат и...
Европол во две операции заплени 700 парчиња оружје
Во две големи разузнавачки операции со поддршка на Европол со цел сузбивање трговија со нелегелно оружје во Европа, запленети се повеќе од 700 парчиња оружје, вклучувајќи минофрлачи и митралези, соопшти Европол.
Операцијата „Колумби“ ја предводеле словенечките власти и стотици полицајци работеле заедно на териториите на Хрватска, Словенија и Шпанија со цел пресретнување на илегланото оружје и разбивање на мрежи кои...
Сугарески: До крајот на месецов тендер за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании
До крајот на месецов се очекува да биде распишан тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој додаде дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.
- Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на...
Идната година нов, современ систем за заштита од временски непогоди
На 181 точка низ Македонија треба да се постават системи за заштита од град. Приоритетни се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко како најранливи региони. Процесот за нивна набавка е почнат, а се очекува да биде заокружен идната година.
Како што изјави за МИА министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, станува збор за сосема нова, современа и целосно автоматизирана опрема...
Заев-Фаремо: Да го искористиме позитивниот моментум за проекти за подобар живот на граѓаните
Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (УНОПС) предводена од заменичката на генералниот секретар на ОН и извршна директорка на УНОПС, Грете Фаремо.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, обете страни изразиле задоволство од потпишувањето на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, оценувајќи го како корисен...
Изложба на Адем Кастрати, еден од најзначајните албански сликари
Во Националната галерија на Македонија, во објектот „Даутпашин амам“, вечерва, во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Адем Кастрати, еден од најзначајните албански сликари, кој со своите дела остави траен белег. Тој наедно го отвори патот на новите генерации уметници, кои преку неговите дела ќе можат да ја запознаат, учат и продолжат традицијата на народите на нашите...
Инсталацијата за електронска наплата на патарините завршува до крајот на јуни
До крајот на месецов се очекува да заврши инсталирањето на електронскиот систем за наплата на патарините, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
Со тоа ќе се обезбеди современ и ефикасен начин на наплата на патарините и побрз проток на возилата. Наплатата ќе се врши со картички во пост пејд и при пејд варијанта.
Во делот...








































