Вратоврска од Жбогар за Дехари (фото)

При денешната посета на Општина Кичево, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како гест на добра воља и благодарност за успешната соработка, на градоначалникот Фатмир Дехари, му подари вратоврска со боите на ЕУ каква што и самиот имаше на себе. -Овој гест не го чинам денес за првпат, туку повеќе од една година кога ги посетувам општините, на повеќето градоначалници им подарувам вратоврска...

Во функција Пречистителната станица за отпадни води во Кичево

Со пригодна свеченост денес беше ставена во функција новата пречистителна станица за отпадни води во Кичево. На свеченоста присуствуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, Заменик Премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари. -Денес ја имам честа да ја...

Димитров го известува Коѕијас дека договорот е ратификуван

Министерството за надворешни работи денеска ќе испрати нота до грчкото МНР, со која ќе ги извести дека Договорот е ратификуван во Собранието, потврдија за МИА од македонското МНР. Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.  Претседателот на Собранието Талат...

Португалија го совлада Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија. Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо. Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол. Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството...

Штипската Саат кула повторно во функција

Штипјани од денеска повторно ќе го слушаат ѕвоното на Саат култа, која се наоѓа во центарот на градот. Пробните обиди за нејзино ставање во функција се успешни, соопштија денеска надлежните од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а под чија заштита е овој споменик на културата. Проект за реставрација на Саат кулата има, но се бара...

Тевдовски: Не се работи на ребаланс на Буџетот, реализацијата на приходите одлична

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот зашто реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното. Сепак, како што нагласи, одговорајќи на новинарско прашање, се прават анализи за тоа што треба да се стори во наредниот период. - Апсолутно немаме проблем со приходната страна. Буџетот ги собира приходите...

Би-Би-Си почна да го користи името Северна Македонија

Првите промени веќе се направени по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за името, откако Би-Би-Си на својата мапа земјава веќе ја означи како Северна Македонија. Би-Би-Си во својата репортажа посветена на договорот за името што го постигнаа Заев и Ципрас, го промени името на Македонија на својата мапа. Претходно на мапата името на земјата беше означено како Македонија, а...

СП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, денеска го постигна 85 гол за својата репрезентација и стана најдобриот европски репрезентативен стрелец во историјата. Роналдо беше стрелец на победничкиот гол за Португалија против Мароко, а по хет-трикот против Шпанија ова е негов четврти погодок на Светското првенство во Русија. Тој успеа да го надмине легендарниот Ференц Пушкаш, кој во периодот од 1945 до 1956 година...

Избрани јавни обвинители во повеќе јавни обвинителства

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра  јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства. - За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје - Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово - Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид -...

Ѕанакопулос: Договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент без проблеми

По потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција и ПЈРМ започнуваат нова ера на пријателство, соработка и стабилност, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос , на денешниот редовен брифинг со новинарите и изрази убеденост дека Договорот ќе добие мнозинство во грчкиот парламент. Паралелно, тој објасни дека преку зборови и обиди да сфатат граѓаните кај нас дека...