Ловци алчни за богатство го уништуваат Адријановиот ѕид
Адријановиот ѕид, кој го изградиле Римјаните пред речиси две илјади години во Британија за одбрана на северните делови на империјата, е оштетен со метални детектори.
Откако беа откриени 50 дупки на еден дел од ѕидот, археолозите упатија апел до посетителите на овој историски објект да пријават доколку забележат нелегални ископи и трагачи по богатство.
Инспекторот за историски споменици Мајкл Колинс нагласи...
ЕУ од петок воведува царини за американски производи
Европската унија ќе го започне процес на воведување царини за американските производи од петок, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик од Европа.
Се очекуваше дека 28 земји членки на ЕУ ќе го сторат тоа следниот месец. Сепак, комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малстром, рече дека оваа...
Европол: Двојно повеќе џихадистичките напади во Европа, со двојно помалку жртви
Бројот на џихадистички напади во Европа во 2017 година бил двапати поголем во споредба со 2016 година. За сметка на тоа нападите предизвикале речиси двапати помалку жртви, соопшти денеска европската полициска служба Европол.
Во Европа минатата година биле регистрирани 33 напади, идентификувани како терористички. Во таа статистика Европол ги вклучува како извршените, така и неуспешните и осуетените напади.
Во 10 терористички напади во Европа во 2017...
Македонското МНР испрати нота до грчкото дека Договорот е ратификуван
Министерството за надворешни работи испрати нота до грчкото МНР, со која го известува дека Договорот за решавање на спорот за името е ратификуван во Собранието.
Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.
Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша...
Унгарија го усвои Законот познат како „Стоп Сорос“
Унгарскиот Парламент денеска усвои пакет закони познати како „Стоп Сорос“, со кои се казнува каква било поддршка за илегалната имиграција.
Законот за имиграција, ги содржи и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, со кои се казнуваат лица или организации кои ја „олеснуваат нелегалната имиграција" или помагаат во постапката за добивање азил на мигранти кои доаѓаат од безбедни земји.
Според Законот, секоја...
Борисов го честита ратификувањето на Договорот во Грција
Бугарскиот премиер Бојко Борисов упати денеска честитки до Македонија поради ратификувањето на Договорот со Грција, оценувајќи дека тој чекор е „храбар и претставува пресврт“.
- Следните денови се клучни не само за Македонија, туку и за Западен Балкан. Ги повикувам сите пријатели од ЕУ да учествуваат во напорите со цел постабилна и побезбедна Европа- порача Борисов на својот налог на...
Во Хрватска протест поради високите цени на горивото
Во Хрватска денеска почна протест и блокада на сообраќајницата поради високи цени на горивото.
Протестот почна кратко време по 15.30 часот, а порталот „Индекс“ објави дека демонстрантите за кратко време ги блокирале сите три ленти до кружниот тек на Загреб.
П ретставникот на иницијативата СТОП Дамир Кристијан Рогин, потврди дека за брзата помош ќе се остави слободен премин, како и тоа дека само...
Маск најави отворање на „гигафабрика“ во Германија
Директорот на Тесла Елон Маск најави дека Германија е водечки кандидат за отворање на првата „гигафабрика“ во Европа.
- Веројатно најлогичен избор е некаде на германско-француската граница, во близина на државите од Бенелукс- напиша Маск на Твитер.
Тесла има помала фабрика во Германија, во близина на границата со Белгија, каде изработува машински системи потребни за идната планирана огромна фабрика за батерии....
Реакции на повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН
Русија го осудува „грубиот цинизам“ на Вашингтон и нивниот „презир“ кон Обединети нации по повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН.
- САД уште еднаш и нанесоа тежок удар на својата репутација на заштитник на човековите права, покажувајќи презир... кон ОН и нејзините структури- изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Таа додаде дека го...
Дачиќ: Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета.
- Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат, изјави денеска...








































