Хан ја поздрави ратификацијата на договорот

Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името. I welcome the ratification by @SobranieMK of the name deal ????. It is the first step of many towards full implementation. I trust all political leaders to show leadership and courage for the next steps! @eu_near @eu_eeas — Johannes Hahn (@JHahnEU) June 20, 2018 - Ја поздравувам ратификацијата...

Кутињо: Нејмар е важен, но поважен е тимот

Бразилецот Фелипе Кутињо не е загрижен за повредата на првата ѕвезда на репрезентацијата Нејмар да Силва, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на тимот. Нејмар во текот на вчерашниот ден го повредил зглобот, истиот оној поради што до неодамна имаше тримесечна пауза од фудбалот. Тој е неизвесен за натпреварот против Костарика во рамките на 2.коло од Е-групата. - Нејмар е еден од...

Дипломатскиот пасош на Бекер бил фалсификуван

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер предизвика дипломатски скандал од кој се засегнати Велика Британија и Централноафриканската Република (ЦАР). Тој се повика на дипломатски имунитет со цел да ги избегне тужбите против него, откако прогласи банкрот. Наводно Бекер во април бил назначен за британски аташе за спорт, културни и хуманитарни прашања во ЦАР и според неговиот адвокатски тим тоа го штити од...

Закажана неформална средба за миграцијата на осум лидери на ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за в недела во Брисел закажа неформална работна средба на шефовите на држави или влади на осум членки на ЕУ посветена на прашањата за миграцијата и доделувањето азил, јави ДПА. - Закажувам неформална работна средба за в недела во Брисел за прашањата за миграцијата и доделувањето азил со група шефови на држави или влади...

Полицијата ќе вежба во специјално опремена „Куќа за пукање“

Припадниците на полицијата од денеска ќе имаат можност да ги унапредуваат своите вештини во новиот објект за тактички вежви-куќа за пукање, во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров. Објектот е донација на Владата на САД во визнос од 900 илјади долари. Објектот го отворија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли кој потенцираше дека...

Повеќе пари за комунални работи и за гасификација на Скопје

Повеќе пари за реконструкција и подигнување на јавното зеленило, за расчистување на дивите депонии и дополнителни 15,5 милиони денари за основање на новото акционерско друштво за енергетски дејности и за гасификација се предвидени во Предлог-измените на Буџетот на Град Скопје кои денеска ги разгледуваат советниците на Град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека најголемите промени во вкупните предвидени средства се...

Скопјанец погоден со дијабола додека се движел по улица

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. вчера пријавил дека, додека се движел по ул. „Борка Талевски“ со една дијабола бил погоден во пределот на раката. По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С.(63) од Скопје, информираат од полицијата. Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена. По целосното расчистување и документирање на случајот...

С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер

Најново од Шпаркасе Банка, С-План - ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер! Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер лајф. С-ПЛАН е одлична комбинација на...

Нобеловецот Ферид Мурад ја посети МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите(МАНУ) денеска ја посети проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав. Како што соопшти МАНУ, Мурад имал разговор со членовите на Одделението за медицински науки на Академијата и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“...

Половина тон марихуана запленет во близина на Валона

Албанската полиција спречи шверц на 500 килограми марихуана, кои требало да бидат натоварени на моторен чамец, што потоа требало да ја транспортира кон италијанскиот брег. Дрогата е откриена кај Бриштанскиот Залив во близина на Валона од каде најчесто испловуваат чамците натоварени со дрога. Запленет е и моторен чамец, кој пловел од Италија, кон албанскиот брег. Истиот бил следен најмалку три часа од...