Форум за вработувања, кариерно насочување, образование и младинско информирање во Прилеп

„Отворен форум со граѓанските организации” во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА се одржа денеска во центарот на Прилеп во рамките на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД. Целта на настанот беше зајакнување на довербата помеѓу граѓаните и граѓанските организации, да се појасни улогата на граѓанските организации во нашето општество и да го зголеми угледот на граѓанските организации на локално и...

Работилница за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“

Фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ објави повик за учество за млади од 13 до 19 години кои сакаат да бидат дел од работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“. Работилницата ќе ја организира во соработка со ДримОН фестивалот, а за да се пријават заинтересираните треба да се снимат себеси во вид на видеопорака со телефон или веб-камера. Видеото треба да трае...

Спасовски смета дека полицијата во неделата постапила правилно

Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров одговарајќи...

Законот за ратификација на Договорот со Грција испратен за потпис кај Иванов

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери по усвојувањето на денешната седница го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција. Џафери потоа го испрати Законот во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој треба да го потпише неговиот указ. Претседателот Иванов има рок од седум дена да го потпише. Тој во изминатите денови соопшти, а денеска и повтори дека нема...

„Црниот пантер“ триумфира на наградите на Ем-ти-ви

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на доделувањето на филмските и телевизиските награди на Ем-ти-ви. Филмот за афроамериканскиот суперхерој е прогласен за најдобар филм на годината, во конкуренција на уште четири филма: „Вондервоман“, „Одмаздници: војна на бесконечноста“, „Женско патување“ и „Тоа“. Филмот ги освои и годинешните награди за најдобра улога во филм и за херој на годината (Чедвик Боусмен), како...

Адеми: Нема да дозволиме дополнителен број паралелки

Дополнителен број паралелки нема да дозволиме, но ќе преземеме мерки таму каде е потребно без зголемување на бројот на паралелки да се надминат некои ситуации. Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со поголемиот број пријавени од местата предвидени со конкурсот за упис во средно училиште. - Ќе дадеме приоритет на средното стручно...

Да наполниш сала од 8.000 места – речиси невозможна мисија

Организирањето големи концерти бара многу енергија, голема организација и е речиси невозможно без некој голем покровител Кога гледаме како музичките ѕвезди и ѕвездички од регионот и од странство ги полнат салите и стадионите, повеќето од нас помислуваат дека тоа е лесно да се направи. Но кога станува збор за домашните популарни пејачи и групи, за жал, не е така. Многумина...

„Сите сити“ обезбеди 10.000 оброка за социјално загрозените семејства

„Сите сити“ за два месеца обезбеди 10.000 оброка за социјално загрозените семејства Преку системот за донирање на вишок храна „Сите сити“ за два месеца обезбедени се 10 илјади оброка за социјално загрозените семејства. Целта на овој систем е вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите, туку да се пренамени онаму...

Пресуди правото на посилниот

Димитри Литоксоу (1953) е еден од ретките грчки интелектуалци, кои имаа храброст, посебно во време на засилена националистичка пропаганда во Грција, да проговори за чувствителните грчки теми и проблеми. Тој повеќе години се занимава со проучување на малцинствата во Грција како и со односот на официјалната грчка политика спрема нив. Неколку години особено внимание му посвети на македонското прашање. Фељтонот...

Премиерот Заев се сретна со претставници на ЕБОР

Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата и за откочување и забрзување на економскиот раст, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со висока делегација на Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). Делегацијата на ЕБОР е предводена од потпретседателот, Ален Пију, Шарлот Рухе, директорка на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Жужана Харгитаи, регионална директорка за Западен...