Зошто провизиите на картичките ги мачат трговците?
Покрај фискалната каса, ПОС-терминалот е законска обврска за компаниите што земаат и работат со готовина. Но при употребата на платежна картичка во малопродажбата, трговците имаат сериозни забелешки дека постојат високи банкарски провизии. Тие го издвојуваат ова како појава што им одзема добар дел од заработеното, а е причина поради која малите трговци сѐ повеќе избегнуваат да примаат картички, односно...
Осумнаесетгодишник починал од повредите здобиени во сообраќајка
Осумнаесетгодишно момче ноќеска почина во прилепската болница по сообраќајната несреќа што се случила на патот од село Ропотово во Лажани.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 22.40 часот на патот с.Ропотово-с.Лажани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Е. Ј. (18) од село Саждево-Крушево излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди...
Украдениот идентитет на осумгодишник води до најголемите мистерии во САД
Телото на Џозеф Њутон Чендлер Третиот (76) беше пронајдено од полицијата во неговиот стан во близина на Кливленд, во 2002 година, каде што тој извршил самоубиство, што покрена бројни прашања за случајот кој до денес е поврзуван со безмалку сите познати мистерии во САД, пишуаат американските медиуми.
Проверувајќи го името Џозеф Њутон Чендлер Третиот, полицијата откри дека станува збор за...
ХОТАМ: Потребна е урбанизација на охридско-струшкото крајбрежје
Помалку од десет отсто од охридско-струшкото крајбрежје, на потегот од Радожда до Свети Наум, е урбанистички организирано, информира претседателот на Хотелско-туристичката асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажески.
Според него, само седум-осум проценти од вкупната површина на брегот на Охридско Езеро, од околу 67 километри, има детален урбанистички план.
Тој смета дека надлежните институции треба да преземат мерки за урбанизација на целата...
Турската полиција уапсила 47 „ѓуленисти“
Турската полиција денеска притворила 47 лица обвинети дека се соработници на Фетула Ѓулен, организаторот на државниот удар од 2016 година.
Според Си-Ен-Ен Турк, акцијата била извршена во градот Конја, но биле апсени лица и во 30-ина други области. Апсењата доаѓаат пред утрешните избори, на кои се бира претседател и нов состав на Собранието. Во вторникот беа уапсени уште 124 осомничени...
Подземни игри со планинарскиот дом „Копанки“
Откако премиерот Зоран Заев и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, побараа да се реши сопственоста на домот, за да може да се реновира, десетина битолски планинари со лопати и копачи организираа акција за расчистување на остатоците од пожарот од пред пет години
„Сите за Копанки, Копанки за сите“ е мотото под кое група планинари и љубители на планината во Битола...
Трговска војна – секој против секого
ЕУ воведе царински мерки против американски производи како одговор на тарифите што претходно ги објави претседателот на САД, Доналд Трамп, за челикот и алуминиумот од сојузниците, како ЕУ, Канада, Мексико и Индија. Европските царини стапија во сила вчера и се однесуваат на производи од САД во вредност од 2,8 милијарди евра, како виски, мотоцикли и густ сок.
И Индија вчера...
Бомбашки напад на митинг на етиопскиот премиер Ахмед
Неколку лица биле убиени во денешната експлозија за време на митинг на етиопскиот премиер Абију Ахмед во Адис Абеба, јави новинската агенција ДПА.
- Неколкумина беа убиени, а има и повредени во овој добро организиран напад. Ќе ги помниме тие што ги загубија животите како маченици - изјави Ахмед по инцидентот.
Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собрале...
Гутереш ја осуди офанзивата на сириската армија против бунтовниците
Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на судирите на југозападот на Сирија.
- Нападите доведоа до расселување на неколку илјади лица, повеќе од кои се упатија кон границата со Јордан. Генералниот секретар е загрижен и поради опасноста по регионалната безбедност - соопштија Обединетите Нации.
Сириската армија ги напаѓа позициите на бунтовничките сили во овој дел на...








































