Мултикултурен камп во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево

Во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево во изминатите пет дена по вторпат се одржа „Мултикултурен камп”, кој го организира Здружението за развој на младите „Фактор”, поддржан од организацијата АДИ од Гостивар и претставува дел од нивниот проект „Различноста е во мода промоција на мултикултурализмот на локално ниво“. Кампот беше наменет за ученици од четврто до шесто одделение, со што учество...

Излезе книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов

Издавачки центар „Три“ ја објави книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов, основач на стартап-компанијата „Стеј анкл“, една од деветте најпросперитетни индиски компании за 2018 година според „Форбс Индија“. „Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011-та заминува во Индија и по четири години ја основа компанијата „Стеј анкл“,...

Промоција на „Ехо на слободата“ во Битола

Промоција на новата книга „Ехо на слободата“, на авторката и новинарка Ана Јовковска, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Битола, во локалот „Порта џез“. Настанот е насловен „Танго со слободата“, а главни протагонисти ќе бидат поетот и промотор Дарко Лешоски и авторката Ана Јовковска. Рецензенти на книгата се писателите и професори Владимир Мартиновски и Ана Мартиноска. Илустрацијата...

„Арт Базел“ го донесе врвот на современата уметност

Престижниот саем на современата уметност „Арт Базел“ во швајцарскиот град Базел го одржа своето 49-то издание. На него се претставија вкупно 291 галерија од целиот свет, а во понудата беа дела од повеќе од 1.400 автори. Уште на првиот ден по отворањето, апстракција на американската уметница Џоан Мичел од 1969 година му беше продадена на еден приватен европски колекционер...

Цел Балкан заинтересиран за Македонија

Димитри Литоксоу Во Париз, во 1919 година, беше издадена една интегрална историско-етнолошка студија за Македонија на Гркот В. Колокотронис. Авторот го препишува бројот на патријаршистите и на егзархистите (на „Грците“ и на „Бугарите“, како што е вообичаено) од „АСР“ и „Р.С.“, меѓутоа и тој „заборава“ да ги спомене „гркофоните“. И уште повеќе, за првпат ги изнесува податоците од еден отомански...

Австриски министер побара центри за обработка на мигрантските барања надвор од Европа

Австрискиот министер за култура Герно Блумел денеска повика на построга контрола на границите на Европската Унија, како и на отворање на центри за обработка на барањата за азил кои ќе бидат надвор од Европа. Повикот на Блумел, кој е член на владејачката конзервативна партија ОВП, доаѓа во пресрет на итниот самит на дел од земјите на Европската Унија, кои утре...

Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје

Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот. Како што инфомрира МВР, сообраќајната незгода се случила синоќа околу 1.40 часот на крстосницата од улиците „Јужен Булевар“ и „Јордан Мијалков“ во Скопје. С. Б.(62) од Англија со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градската општа болница...

Фудбалски куриозитети што не се забораваат

Дали сте знаеле дека познатиот сликар Никола Мартиновски покажувал многу таленти, меѓу кои и за спортот? Бил голман, и тоа во еден од најпознатите скопски клубови, СК Граѓански. Бил вешт со сликарските четки, но и вешто ги ловел топките меѓу стативите Годинава Светското фудбалско првенство се одржува во Русија и фудбалот повторно станува омилена тема и повод за еуфорични навивања....

Конференција за развојот на меѓународната соработка за монетарната и финансиската стабилност

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера и денеска во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми што го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. Како што соопшти НБРМ,...

Анѓушев: Македонија направи огромни чекори во реформите на енергетскиот сектор

Македонија за една година направи огромни чекори во реформите на енергетскиот сектор, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија, во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница, што денес се одржа во Дурштајн, Австрија. На состанокот, на кој учествуваше и министерот за економија Крешник Бектеши, се разговараше за климатската и енергетската...