Kаратистот Келебиќ го освои првиот медал за Македонија во Тарагона

Македонскиот каратист Ненад Келебиќ освои бронзен медал на Медитеранските игри, откако го совлада Португалецот Жоаким Мендес со судијско изјаснување 3-2 (2-2). Со овој успех Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија во Тарагона. Каратистот Емил Павлов остана без медал откако во полуфиналето беше поразен од претставникот на Мароко, Абделсалам Амекнаси, а во борбата за бронзен медал загуби од Турчинот Ерај...

Уметничките дела на тркала во Пакистан

Камионите во Пакистан претставуваат своевидни уметнички дела на тркала, што се должи на тамошната традиција за нивно китење со портрети на познати личности, мозаици на кои се претставени птици и цвеќиња, огледала, ленти и разни други украси во шаренило на бои.  

Отворен ден на мултикултурализмот во Кичево

Денеска по петти пат во Центарот за култура ќе се одржи Отворениот ден на мултикултурализмот во општината Кичево, кој го организира здружението за развој на граѓанското општество „Вредит да си од Кичево“. Како и претходните години, и годинава отворениот ден ќе биде збогатен со повеќе содржини, од изложба на народни носии, културно-забавна програма, до дегустација на традиционални кулинарски специјалитети од...

Аксвел и Ингросо покажаа зошто се едни од најбараните диџејски ѕвезди

Откако еден од најуспешните македонски диџеи, Александар Галоски, ја загреа атмосферата на стадионот на АРМ, со што почна годинашното издание на фестивалот „Скопје колинг“, почна одличната забава со главните ѕвезди на вечерта, ЕДМ-великаните Аксвел и Ингросо. Галоски на фестивалот дојде по успешната евроазиска турнеја, настапувајќи рамо до рамо со имиња како што се Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек и Ники...

„Секс пистолс“ како експлозија на панкот

Бренд-концепти: музички икони (19) Нивниот дебитантски сингл „Anarchy in the U.K.“ со својот текст многу остро ги критикуваше тогашната состојба во општеството и начинот на кој тогашните млади живееја во Велика Британија Панк-музиката отсекогаш трагала по радикално нови насоки, на кои основен темел им е протестот. Панкот секогаш бил гласен, суров и без почит. Бил привлечен за незадоволната бунтовна генерација и...

Презентација на проектот „Активно кино за заедницата“

Настанот „Активно кино за заедницата“ ќе се реализира во железничка зграда во Скопје, денеска, од 11 до 15 часот. Употребата на одреден простор за културата, како еден сублимиран термин, подразбира разгледување идеи и можни сценарија за физичко и програмско уредување и реанимирање, како и можни намени за пошироката заедница.  Киносалата во железничката зграда, покрај другите можности, може и да функционира...

„Мандала“ на Јана Андреевска се слушна и во Фрајбург

Делото „Мандала“ на македонската композиторка Јана Андреевска, создадено во 2015 г., е изведено и на фестивалот „Меркланг“, во германскиот град Фрајбург, од ансамблот „Авенчр“, на 16 јуни. На ова годинешно, јубилејно, 10-то фестивалско издание, публиката имаше можност да ја чуе оваа композиција за осум инструменти, која првпат беше изведена од ансамблот „Кон темпора“ на Деновите на македонска музика во...

Венко Андоновски во друштво со славниот Хавиер Серкас во Белград

Нашиот најчитан писател, како гостин на Белградскиот фестивал на европска книжевност, наредните денови ќе биде во одбрано друштво на светски познати автори, меѓу кои е и големиот шпански и светски писател Хавиер Серкас, автор на славните книги „Саламински војници“, „Анатомија на една побуна“ и „Хохштаплер“, кои доживеаја повеќе светски изданија Издавачката куќа „Архипелаг“, во соработка со Домот на млади на...

Мултикултурен камп во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево

Во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево во изминатите пет дена по вторпат се одржа „Мултикултурен камп”, кој го организира Здружението за развој на младите „Фактор”, поддржан од организацијата АДИ од Гостивар и претставува дел од нивниот проект „Различноста е во мода промоција на мултикултурализмот на локално ниво“. Кампот беше наменет за ученици од четврто до шесто одделение, со што учество...

Излезе книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов

Издавачки центар „Три“ ја објави книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов, основач на стартап-компанијата „Стеј анкл“, една од деветте најпросперитетни индиски компании за 2018 година според „Форбс Индија“. „Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011-та заминува во Индија и по четири години ја основа компанијата „Стеј анкл“,...