Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на судирите на југозападот на Сирија.

– Нападите доведоа до расселување на неколку илјади лица, повеќе од кои се упатија кон границата со Јордан. Генералниот секретар е загрижен и поради опасноста по регионалната безбедност – соопштија Обединетите Нации.

Сириската армија ги напаѓа позициите на бунтовничките сили во овој дел на земјата. Осуда на сириската офанзива дојде и од Соединетите Американски Држави.