Затворени избирачките места, пребројување на гласовите во Турција

На гласачките места низ Турција во тек е пребројувањето на гласачките ливчиња, за денешните претседателски и парламентарни избори. Првичните резултати се очекува да почнат да бидат објавувани по еден час. Се очекува првин да бидат објавени резултатите од гласањето на претседателските избори, додека гласовите од парламентарните избори да бидат објавени подоцна во текот на денот. Право на глас на изборите...

Чориќ преку Федерер до титулата во Хале

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го освои трофејот на турнирот од серијата 500 во Хале. Чориќ во финалето го совлада фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер со 2:1 (7:6(6); 3:6; 6:2) во сетови. За 21-годишниот хрватски тенисер ова е втора АТП титула или прва на трева. Чориќ воедно ја прекина и доминацијата на Федерер, кој не успеа да стигне до својата десетта титула во...

Тачи очекува договор меѓу Косово и Србија до март 2019 година

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека очекува договор меѓу Србија и Косово да биде постигнат најдоцна до март 2019 година. Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаа одделни средби со европската претставничка Федерика Могерини, пред нивната заедничка средба планирана за подоцна во текот на денот. Тачи разговараше со новинари на Дојче Веле, на кои им изрази надеж дека...

Чешкиот претседател Земан следната недела ќе именува влада предводена од Бабиш

Чешкиот претседател Милош Земан денеска најави дека рано следната недела ќе именува нова влада предводена од милијардерот Андреј Бабиш, за која се надева дека ќе стави крај на осуммесечната политичка нестабилност. Бабиш, лидер на популистичката партиа АНО, која има најмногу гласови во Парламентот но е далеку од потребното мнозинство, постигна коалициски договор со Социјал-демократската партија. Претседателот Земан се спротистави на...

„Вијести“: Црна Гора договара мисија на Фронтекс за справување со мигрантите

Црногорската весник „Вијести“ јавува дека Владата усвоила предлог за отпочнување на преговори со Европската Унија со цел припадници на европската гранична мисија Фронтекс да се распоредат на црногорските граници. Целта на овој предлог е да се затвори новата западна балканска рута во случај на зголемен наплив на мигранти. Рутата преку Македонија, која беше затворена во 2016 година, сега во помал...

СП 2018: Англија ја декласираше Панама за осминафинале

Англија убедливо ја совлада Панама со 6:1 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија. Англиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот. Англија уште во почетокот на натпреварот ја потврди фаворитската улога и со голот на Џон Стоунс во осмата минута поведе со 1:0. Англискиот капитен Хари Кејн со гол од пенал...

Уметници од земјава и странство на работилници во Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп

Од денеска во наредните десеттина дена 27 уметници од земјава и од Шпанија, Србија, Хрватска и од Црна Гора ќе ги создаваат своите дела во пет работилници – интернационални колонии во рамките на Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп. Во интернационалната сликарска колонија ќе работат 15 ликовни уметници, главно од Прилеп и од Македонија. Во интернационалниот скулпторски симпозиум „Мермер“...

Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот

Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори ќе се разочараат сите што...

МЗШВ: Интервентна субвенција од четири денари за предадени домати во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна субвенција од четири денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Како што соопшти Министерството, на овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од три денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно седум денари субвенција за...

Киличдароглу обвинува за изборни нерегуларност во југоисточна Турција

Лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека се забележани изборни нерегуларности во југоисточниот дел на земјата и упати апел до набљудувачите да „не забораваат дека се државни службеници“, а не „се во служба на политичка партија“. Претседателот на турската Изборната комисија, Саид Гувен истакна дека се покренати „административни и кривични процедури“ против сторителите. Претходно на социјалните...