СП 2018: ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина
ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина поради инцидентите меѓу аргентинските и хрватските навивачи на натпреварот во Нижи Новогород.
- Не можеме да го коментираме случајот, но можеме да потврдиме дека стигна пријава, истакна портпаролот на Фудбалската федерација на Хрватска, Томислав Пачак.
Хрватска убедливо ја совлада Аргентина со 3:0, а дел од аргентинските навивачи не можеа да...
Ограбена спортска обложувалница во Скопје
Две непознати лица со закана со пиштол синоќа ограбиле спортска обложувалница на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, синоќа во 21.50 часот двете лица влегле во обложувалницата и со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената А.Н (47) од Скопје при што одзеле околу 36.000 денари.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување...
Приведен тетовец, нападнал полицаец по тепачка пред угостителски објект
Дваесет и деветгодишниот тетовец М.Н. рано изутрината е приведен откако нападнал полициски службеник пред угостителски објект во Тетово.
МВР информира дека М.Н. околу 02.45 часот во Тетово на крстосницата од ул.„Иво Рибар Лола“ со ул. „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект заедно со друго лице го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
При преземањето мерки од страна на полицијата...
Во Брисел продолжува дијалог Белград – Приштина
Претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат денеска во Брисел по тримесечна пауза, но по досегашните изјави од двете страни нема оптимизам за евентуален напредок во дијалогот Белград - Приштина, што се одвива под покровителство на Европската унија.
На средбата посветена на „отворените прашања како формирање на Заедница на српските општини, енергетиката и...
Лица со фантомки на протестот фрлале камења кон полицискиот кордон, деветмина приведени
Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски - фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон.
- Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање...
СП 2018: Фудбалската федерација на Швајцарија не очекува казни за Џака и Шаќири
Фудбалската федерација на Швајцарија соопшти дека не очекува казни за репрезентативците Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, откако ФИФА покрена истрага против нив.
Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелци на головите за Швајцарија беа Џака и Шаќири.
Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се...
„Беко“ во борба против дебелината кај децата во Македонија
Навиките во исхраната се стекнуваат уште од најмала возраст и директно влијаат на психо-физичкото здравје и развој на поединецот. Дури 31 проценти од машките деца и 29 проценти од девојчињата во Македонија имаат телесна тежина поголема од предвидената за нивната возраст. Од нив, 16 отсто од машките и 13 отсто од девојчињата се дебели. Ова го потврдуваат статистичките податоци...
Манчевски и Царовска: Приоритет ни се квалитетни јавни услуги достапни до сите граѓани
Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, на министерска конференција во Маракеш, Мароко, зборуваа за обезбедувањето јавни услуги достапни за сите граѓани.
Во обраќањата на конференцијата, која е дел форумот за јавна администрација „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој" во организација на Обединетите нации, македонските министри...
Кушнер: Подготвен сум да соработувам со Абас
Високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер изјави дека е подготвен да соработува со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
„Подготвен сум да соработувам со претседателот Абас, ако тој сака“, е насловот на интервјуто на Кушнер за палестинскиот весник „Ал Кудс“.
Кушнер во интервјуто објавено на арапски јазик упати директна порака до Палестинците.
- Заслужувате да имате светла иднина, сега е време...
Во Саудиска Арабија се укинува забраната за жени возачи
Жените во Саудиска Арабија од денеска можат сами да возат автомобили.
Одлуката за укинување на забраната жените да возат автомобили е донесена во септември минатата година од страна на кралот Салман, а денеска стапува во сила.
Одлуката е дел од реформите, кои ги спроведува принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Забраната за жените да седнат зад волан беше единствена во светот. Нејзиното укинување...






































