Германија се соочува со казна

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја казни германската репрезентација поради начинот на прослава на победничкиот гол на дуелот со Шведска во саботата (2:1). ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт, Двајцата бурно ги искажаа своите емоции кога Тони Кроос го постигна победничкиот гол во дополнителното...

Европските лидери ги приближиja делумно ставовите за миграцијата

Лидерите кои учествуваа на неформалниот мини-самит посветен на миграцијата, порачаа дека успеале да ги приближат делумно ставовите, иако многу малку детали од разговорите излегоа во јавност и ниеден конкретен предлог сѐ уште не е објавен. -Треба да го подобриме внатрешното фунцкионирање, преку прагматичен пристап, а притоа да не ги негираме нашите принципи, тоа е консензусот од денешната средба - изјави...

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на изборите во Турција

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, синоќа телефонски му ја честита победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција. Во телефонскиот разговор, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета...

Казнети 271 возач за брзо возење викендот во Скопје

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни повреди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за...

„Тапанот се слуша надалеку“ – концерт на Сара Симоновска

Во Сули ан (Факултетот за ликовни уметности) вечер од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ концерт на удирачки инструменти ќе одржи Сара Симоновска.  На концертот, насловен „Тапанот се слуша надалеку“, таа ќе изведе дела од Бах, Добри Палиев, Ерик Самут и Вон Маиси. Сара Симоновска (Куманово, 1994), по стапките на својот татко, почнала да свири тапани на четири години. Средно музичко образование...

Ердоган победник на претседателските избори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во првиот круг од претседателските избори на кои освои нов мандат, но овојпат со извршни овластувања. – Нацијата ми довери одговорност за претседавање и извршни должности - изјави 64-годишниот Ердоган во говор од Истанбул што го пренесуваше државната телевизија. Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и...

Ново рочиште за случајот „Монструм“

Ново рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е закажано за денеска во Кривичниот суд. На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде често оделе да рибарат, и објаснија...

Променливо облачно и свежо со повремен локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервалот од седум до 16 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 12...

Без електрична енергија утре делови од Карпош, Аеродром, Чучер Сандево и Шуто Оризари

Без електрична енергија утре во одредени периоди од денот ќе останат делови од општините Карпош, Аеродром, Чучер Сандево и Шуто Оризари. РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД информира дека во периодот од 8 до 9 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр. 102 во општина Карпош, во периодот од 08:30 до 09:30 часот дел...

Спорот околу мигрантите ја намалува популарноста на коалицијата на Меркел

Спорот во германската Влада околу мигрантските прашања доведува до засилување на националистичките партии како што е Алтернативата за Германија (АФД). Според анкета на весниот „Билд ам Зонтаг“, поддршката на двете владејачки конзервативни партии, ЦДУ на Ангела Меркел и баварската ЦСУ, паднала на 31 процент, два проценти помалку отколку во претходната анкета. Меркел и Хорст Зехофер, министерот за внатрешни работи кој...