Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од...

Бери Гиб од „Би џис“ стана витез

Принцот Чарлс го одликуваше со титула витез највозрасниот и воедно единствен жив член на групата „Би џис“ (Bee Gees), Бери Гиб. На свеченоста во Бакингемската палата Гиб изјави дека се надева дека неговите покојни браќа Робин и Морис, преостанатите двајца членови на триото, се гордеат со него. - Да не беа моите браќа, јас немаше да бидам тука - наведе Бери...

Мундијалот предизвика недостиг на пиво во Русија

Светското првенство во фудбал и големиот број на навивачи од целиот свет, кои дневно пијат огромни количества пиво, предизвикаа недостиг на овој напиток во Русија. Прва, која уште во понеделникот испрати 20 камиони со пиво, е пивара од Австрија. - Испорачавме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија - наведено е во соопштението од пиварата.

Хелсинки можно место за средба на Трамп со Путин

Главниот град на Финска, Хелсинки е можна локација за средбата на претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави неименуван американски висок претставник. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео за време на викендот изјави дека Трамп најверојатно ќе се сретне со Путин „во не така далечна иднина“. Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон утре...

Тачи телефонски разговарал со Столтенберг за формирање косовска војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кого, како што вели, го информирал за процесот на трансформација на Заштитните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според објавата на Тачи на Фејсбук, тој и Столтенберг разговарале за потребните чекори во правец на формирањето на косовска, мултиетничка и...

Аргентинскиот херој од сенка ја искористи неочекуваната прилика

Дефанзивецот Маркос Рохо го постигна голот за пласман на Аргентина во осминафиналето на Светското првенство (СП), во победата над Нигерија од 2-1, но уште еден член на „гаучосите“ заслужува признание за добриот резултат на неговата фудбалска селекција.  Голманот Франко Армани, исто така, имаше значаен удел во триумфот, со клучна одбрана при резултат 1-1, сопирајќи го ударот на Нигериецот Одион Игало...

Границата на Јордан кон Сирија останува затворена

Јордан и понатаму ќе ја држи затворена границата кон Сирија, а Обединетите нации можат да им помогнат на Сиријците кои бегаат од насилството во јужниот дел на земјата, изјави денеска шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади. - Нема раселени лица на нашата граница, тие се движат кон внатрешниот дел на Сирија, напиша Сафади на Твитер. ОН денеска соопштија дека најмалку 45.000...

Протест против договорот за името во центарот на Скопје

Помала група граѓани и вечерва одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Учесниците на протестот ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Тие повторија и дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.

Тора бара гласање за сецесија на Каталонија со дозвола на Шпанија

Каталонскиот лидер Квим Тора изјави дека ќе му порача на шпанскиот премиер Педро Санчес дека единствено решение за политичката криза е гласање за сецесија на Каталонија со дозвола од Шпанија. - Ќе одиме на состанок со шпанскиот премиер подготвени да разговараме за главните прашања..., а тоа е правото на самоопределување на Каталонија. Нема да се откажеме од тоа, истакна Тора. Средбата...

Првата аудиенција на Макрон кај папата траеше невообичаено долго

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше приватна средба со папата Франциск, која траеше рекордни 57 минути, а за време на ауденцијата, папата му подарил бронзен медљон со Свети Мартин, симбол на солидарноста и грижата за другите. Макрон на папата му го подарил првото оригинално издание на италијански јазик од 1949 година од „Дневникот на селскиот свештеник“ од католичкиот писател Жорж...