Митовите постојат за да бидат урнати
Кога ќе посетите една земја, а особено ако имате можност да бидете гости во домот на некое прекрасно либанско семејство, каква што имав јас, дури тогаш можеби ќе сфатите дека знаете сосема малку за арапскиот свет, а она што го знаете најчесто е погрешно. Дури тогаш искривената перцепција добива свој правец, а многу од митовите во вашата глава се...
Промоција на поетската книга „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски
Во Музеј на Град Скопје вечер во 20 часот ќе биде промовирана новата збирка поезија на Зоран Анчевски „Небесна пантомима“, во издание на Темплум.
Книгата ќе ја претстават писателките Оливера Ќорвезировска и Магдалена Хорват, која заедно со авторот ќе чита и дел од песните.
Зоран Анчевски (р. 1954, Скопје) е истакнат македонски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература.
Досега...
„Црвен аларм“ за лошо време во Грција
Грчките власти издадоа „црвен аларм“, предупредување за поројни дождови и силни бури, јавуваат грчките медиуми.
Лошите временски услови опфатија голем број грчки региони. Десетици куќи и автомобили се поплавени.
На Халкидики, надојдените води носеа автомобили и лежалки од плажите.
Во областа на Волос, десетици куќи беа поплавени, а пожарникарите ги спасуваа туристите.
Има поплава во предградието на Атина, Мандра, каде што водата...
САД: Сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп
Против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, тужба поднесоа 17 сојузни американски држави и дистриктот Колумбија, кои се обидуваат да ја запрат „суровата и незаконска“ политика на присилно раздвојување на имигрантските семејства, кои влегуваат од Мексико.
Во тужбата поднесена вчера во американскиот окружен суд во Сиетл, американските сојузни држави го нарекоа указот, со кој се стопираше развојувањето на семејствaта, „илузија“.
Трамп на...
„Коха Диторе“: Истрагата потврдува дека Албанците не го убиле Оливер Ивановиќ
Сторителите на убиството на поранешниот лидер на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, не се припадници на албанската заедница, покажуваат резултатите на досегашната истрага од страна на Специјалното обвинителство на Косово, пишува денешен „Коха Диторе“.
Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, извори од косовските правни институции изјавиле за весникот дека сомнежите дефинитивно се свртени кон криминалните групи на Србите во...
Захариева: Решението за Македонија и Албанија е огромен чекор за нивната европерспектива
Прв пат по 2015 година Советот на ЕУ синоќа донесе одлуки за проширување, кои значат огромен чекор за европската перспектива на Македонија и Албанија, изјави бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева по состанокот во Луксембург на кој беше решено Скопје и Тирана да почнат преговори за членство во јуни 2019 година.
- Нема да кријам дека не беше лесно....
Салвини: Макрон да ја отвори вратата на својата куќа за 9.000 мигранти
Италјанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини му порача синоќа на францускиот претседател Емануел Макрон дека ако мисли оти не постои мигрантска криза, да ја отвори вратата на својата куќа за мигранти.
Славини реагираше на изјавата на Макрон во Рим, каде се сретна со папата Франциско, дека не постои никаква мигрантска криза.
Ако е тоа случај, вели Салвини, „Макрон треба да...
Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот
Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ.
Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци...
Рочишта за „Тревник“ и „Шпион“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“ и „Шпион“.
Првообвинет во предметот „Тревник“, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, е новинарот Драган Павловиќ – Латас. Обвинети во овој случај се и Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ.
Според обвинението тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право...
Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија
Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи вчера Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија.
Советот на министри очекува следната година ЕК да издаде извештај во...





































