Се интензивираат нападите врз бунтовниците во сирискиот град Дера
Сириската армија денеска почна воздушна кампања во југоисточниот дел на градот Дера и почна борби со цел да се пресече патот на бунтовниците кон границата со Јордан.
- Сириската војска почна операција со која се подготвува теренот за влез на воените единици, објави сириската државна новинска агенција САНА.
Јорданскиот министер за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади претходно изјави дека Јордан...
Мичел: САД го зголемуваат ангажманот на Западен Балкан
САД го зајакнуваат ангажманот на Западен Балкан, изјави помошникот на американскиот државен секретар Вес Мичел пред Сенатот, кој расправаше за американската политика во Европа.
- Преку активна американска дипломатија и блиска соработка со Европска унија, поддржавме лидери визионери - (грчкиот) премиер Ципрас и (македонскиот) премиер Заев во постигнување на историски успех во спорот на двете земји за името. Ја интензивиравме...
Мечка ги вознемирува жителите во Канино, Битолско
Жителите од селото Канино Битолско мака мачат. Последните денови во село Олевени мечки се шетале низ селото, додека во соседното село Канино со денови (и дење и ноќе) рикале крај куќите.
Според тоа што ни јавија нашите читатели, мечките, наводно, се намножиле бидејќи не им стигало храна од шумата, па барале храна во околните села.
Мечките, ни јавуваат читателите веднаш крај...
Мицкоски: Одлуката на Иванов е исправна
ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за ратификација на Договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција е исправна, водена од потребата на заштита на Уставот и државата, и оти за тоа има и сериозни правни аргументи, вели претседателот на партијата Кристијан Мицкоски. Најавува бојкот и на следната седница на...
Заев: Уште еден голем ден и големо признание за нашата земја
Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја, напиша попладнево п ремиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница по одлуката на Советот на министри на ЕУ п реговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни наредната година.
- Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, на денешната...
Холандија забрани носење на бурка во јавните институции
Горниот дом на холандскиот Парламент денеска усвои законот со кој се забранува носење марами кои го покриваат лицето во јавни згради како училиште, владини канцеларии и болници.
Долниот дом на холандскиот Парламент во 2016 година усвои таков закон по обидите за вовдување на сеопфатна забрана на бурки и марами кои го покриваат лицето.
Сличен Закон е усвоен во Австрија, Франција, Данска...
Се отвора американска економска зона во западно Косово
Косовската Влада на денешната седница донесе одлука за формирање Американска економска зона во Ѓаковица, западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Рамуш Харадинај изрази големо задоволство за официјализирањето на иницијативата, нагласувајќи дека од страна на Владата се направени потребните подготовки за почетокот на нејзината реализација.
- Посебно е за одбележување тоа што ќе уследи физибилити план, што подразбира вклучување...
Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ
Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг, јави дописникот на МИА.
- Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека ќе...
Израелски агенти испитувале новинар за неговото албанско потекло
Агенцијата Асошиејтед прес соопшти дека нејзиниот новинар, албанскиот државјанин Неби Чена, бил спречен да известува за посетата на британскиот принц Вилијам во резиденцијата на израелскиот премиер откако израелски безбедносни агенти го испитувале за неговата верска и етничка припадност.
Чена, главен телевизиски продуцент на АП за Израел и палестинските територии бил задржан на влезот на резиденцијата 45 минути, поради што ја...
Отпочнувањето преговори со ЕУ зависи од четири услови?
Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори.
Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.
Отворање на преговорите за Македонија...





































