Врховниот суд ја поддржа забраната на Трамп за влез во САД
Врховниот суд на САД денеска ја поддржа одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од неколку, главно, муслимански земји.
Со тоа Судот го отфрли приговорот дека забраната ги дискриминира муслиманите или дека претседателот со неа ги пречекорил овластувањата.
Одлуката е донесена со пет гласови „за“ и четири „против“ и претставува прва суштинска одлука на Судот за некоја политичка одлука...
Лансирањето на „Сојуз“ од перспектива на астронаутите
Европската вселенска агенција објави видео-снимка од внатрешноста на вселенското летало „Сојуз“ при неговото лансирање, во рамките на мисијата „Хоризонти“ во која тројца астронаути се упатија кон Интернационалната вселенска станица.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=fr_hXLDLc38
Франција и Холандија не попуштаат за датум за преговори
Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот за МИА.
Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург, остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори.
Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот...
Усвоена декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија
Владата на Република Македонија на денешната 76-та седница ја усвои Декларацијата за признавање на возачките дозволи помеѓу Македонија и Германија, донесе одлука општините да добиваат средства од приходите од ДДВ и заклучи дека според извештајот за јавниот долг на РМ, лани бројот на вработени се зголемил за 2,4 отсто.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на седницата го разгледала и...
Невреме ги потопи улиците и плажите во Грција
Дожд и силен ветер ја зафатија Грција, во невремето во кое потопени се улиците и плажите во повеќе познати летувалишта, каков што е случајот со Метаморфозис, што може да се забележи на фотографијата што ни ја испратија македонски туристи.
Како и целиот Балкан, и Грција е зафатена од лошото време проследено со поројни дождови, а метеоролошките служби прогнозираат дека таквите...
Втора сесија дискусии за Македонија и Албанија во ЕУ
Министрите за надворешни пред малку се вратија на работната маса на Советот на ЕУ во Луксембург, каде продолжуваат дискусиите за одредување старт на преговори на Македонија и Албанија.
Министрите досега беа на работен ручек каде, исто така, продолжиле затегнатите дискусии на оваа тема, биле остварени повеќе билатерални средби, но за сега се уште нема напредок, јави дописникот на МИА.
Чешкиот министер...
Заев и Курц веруваат дека Макрон ќе донесе проевропска одлука
Република Австрија и дава силна поддршка на Република Македонија за отворање претпристапни преговори со Европската унија, истакнал австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Виена.
Заев, како што соопшти владината прес-служба, денеска остварил тет-а-тет средба со Курц, по што следувал работен ручек на владините делегации и заедничка прес-конференција.
Канцеларот Курц истакнал дека Македонија заслужува од...
Новите дела на Бенкси пренесуваат силна порака
Познатиот уличен уметник Бенкси ја критикуваше политиката на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со мигрантите, како и политичката состојба во Франција, преку шесте мурали насликани во Париз по повод Светскиот ден на бегалците (20 јуни).
На првиот мурал е прикажано девојче кое прецртува нацистичка свастика (ја критикува политиката на француските власти за мигрантите), вториот мурал претставува верзија на Бенкси...
МОН: Се продлабочува соработката во образованието меѓу земјите од регионот
Проширувањето на меѓусебната соработка во областа на образованието беше во фокусот на неформалните средби кои министерот за образование и наука Арбер Адеми ги оствари со министрите за образование на Албанија, Косово и Црна Гора, Линдита Никола, Шукри Битиќи и Дамир Шеховиќ.
Од Министерството за образование и наука информираа дека за време на средбите сите страни изразиле интерес и подготвеност за...
Засилен надзор за јавните функционери со новиот закон за спречување перење пари
Македонското Собрание денеска во скратена постапка го донесе Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој се предвидува надзор за носителите на јавни функции во Република Македонија.
Тие во 2011 година, како што посочуваат од Министерството за финансии, биле исклучени од субјектите кон кои се преземаат засилени мерки за анализа. Во досегашниот закон во оваа група спаѓаа само...





































