Товарно возило се преврте на патот Градско-Прилеп
Товарно возило комби се превртело на патот Градско-Прилеп меѓу селата Камен Дол и Сирково. Заради утврдување на евентуални повреди, возачот и совозачот биле пренесени во кавадаречката општа болница.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за МИА информира дека сообраќајот се одвива по една лента.
Во тек е увидот на местото на несреќата.
ОН: Најмалку 45.000 луѓе побегнаа од борбите во југозападниот дел на Сирија
Најмалку 45.000 лица побегнаа од југозападната сириска провинција Дара кон соседен Јордан, поради борбените дејствија кои не запираат.
Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН изјави дека цивили, вклучувајќи деца, биле убиени и повредени, а болница била разурната при воздушни напади.
- Ние очекуваме дека бројот на бегалците може да се удвои со ескалацијата на насилството,...
Годишен извештај на Народниот правобранител за 2017-та
Казнено поправните установи во Македонија имаат лоши материјални услови за сместување на притворените и осудените лица, како и сериозен недостаток на професионален и стручен кадар што влијае на непречено остварување на правата на ресоцијализација и на непречена здравствена заштита и на другите права за време на издржувањето на мерката притвор или казната затвор.
Ова го констатира Народниот правобранител во Годишниот...
Продолжението на судењето по предметот „Траекторија“ закажано за 4 јули
Со слушање на останатиот дел од аудио разговорите, рочиштето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи на 4 јули.
Во Кривичниот суд денеска, по паузата, беа пуштени разговорите кои СЈО ги доставило како докази, а се однесуваат за периодот во јануари 2013 година.
Во дел од разговорите во кои скоро сите ги водеше поранешниот министер за транспорт...
Двајца загинати при уривање на мал авион во Пакистан
Две лица загинаа кога се урнал мал авион за време на рутински тренинг лет во близина на воздухопловната база во Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан.
Во соопштението се наведува дека загинале пилотот и копилотот, а нема информации дека некој настрадал на земја при уривањето на авионот.
Во тек е истрага за инцидентот, а засега нема дополнителни детали.
Во сообраќајка повредено седумгодишно дете од Куманово
Денеска во 09.50 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, управувано од П.С. (44), вработен во МВР на РМ и седумгодишно момче, информираа денеска од СВР Куманово.
По незгодата детето било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски...
Во турскиот парламент ќе има 78 жени од 600 пратенички места
Од вкупно 600 пратенички места во турскиот парламент, 78 ќе им припаднат на припадничките на понежниот пол, покажуваат пресметките врз основа на неофицијалните резултати од предвремените парламентарни избори во Турција, кои се одржаа вчера.
Во 2015 година, во пратеничкиот состав влегоа 74 жени, од вкупно 550 места.
Партијата за правда и развој на Реџеп Тајип Ердоган, обезбеди пратенички мандати за...
Млади фудбалери три дена блокирани во поплавена пештера во Тајланд
Властите во Тајланд се обидуваат да спасат дванаесет млади фудбалери и нивни тренер, кои веќе три дена се блокирани во поплавена пештера во северниот дел на земјата.
Момчињата на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер влегле во пештерата Тхам Луанг-Кхун Нам Нанг Нон во саботата попладне после тренинг натпревар и оттогаш нивната судбина е непозната.
Властите презедоа...
Отворен конкурсот за стипендии „Борис Трајковски“, рокот до 20 јули
До 20 јули трае конкурсот за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџот во Солун, Грција.
За академската 2018/19 година стипендиите се наменети за вонредни двегодишни стидии од втор циклус за насоките менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси кои се дел од постдипломските студии...
Коѕијас: Постои опција за старт на преговори до следното лето
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, порача дека дискусиите во ЕУ се водат помеѓу земјите кои сакаат старт на преговори со Македонија до летото 2019 и оние кои сакаат тоа да биде уште подоцна.
- Денеска дискутиравме за проширувањето на Европската унија, каде постоеја две различни линии. Од една страна мнозинството од 25 земји кои сакаат и прифаќаат да...





































