Борисов: Имаме политичка, а не миграциска криза

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека Европска унија разговара за политичка, а не миграциска криза. - Имаме 90 проценти помалку мигранти денес отколку пред две години. Системите, како што е шенгенскиот информатички систем е оперативен, но проблемот е од политичка природа - оцени Борисов. Тој наведе дека постојат два пристапа во решавање на проблемот со илегалната миграција. - Денес сите...

Колина: Со ВАР донесени 99,3 отсто исправни одлуки

Првиот човек на Судиската комисија на ФИФА, познатиот поранешен италијански судија Пјерлуиџи Колина, денеска рече дека употребата на ВАР технологијата на Мундијалот е вистински потег и дека за време на првата фаза од турнирот се донесени 99,3 отсто исправни одлуки. - Имавме 335 ситуации за време на 48 натпревари. Судиите без помош на ВАР донеле добри одлуки во 95 отсто...

Спор со уредништвото причина за убиството во новинската редакција во Мериленд

Убиецот од Мериленд бил во долгогодишен спор со уредништвото Мажот, кој вчера смртно застрела најмалку пет лица во новинската редакција на „Капитол Газет“ во Анаполис, Мериленд, бил во долгогодишен спор со уредништвото, соопштија денеска локалните власти. Полицијата и очевидци соопштија дека напаѓачот пукал низ стакло во потрага по жртвите. Полицискиот началник Вилијам Крампф на прес-конференција соопшти дека меѓу жртвите е и 59-годишниот...

Германија се договори со Грција и Шпанија за враќање на мигрантите

Германија денеска постигна договор со Шпанија и со Грција за враќање на мигрантите кои се регистрирани во тие две земји, додека со Италија не се договоривме, изјави германската канцеларка на крајот на Самитот на ЕУ во Бриосел. Таа додаде дека Владата во Мадрид и во Атина се согласиле повторно да ги примат мигрантите директно од германска граница. - Со тие две...

Стејт департмент: Грција заостанува во справувањето со трговијата со луѓе

Грција прави зајакнати напори за да ги исполни минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, иако сè уште заостанува во оваа област, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе во 2018 година. Во извештајот се тврди дека Грција покажала зголемени напори во текот на претходниот период преку воспоставување формални процедури и истраги и осудувања...

Тројца уапсени на Косово под сомнение за тероризам

Косовската полиција соопшти денеска дека уапсила три лица осомничени за тероризам, додека четврто лице е уапсено во Германија врз основа на меѓународна потерница издадена од косовски суд. Апсењата се извршени во два косовски града по повеќемесечна истрага. Не е познато дали осомничените планирале терористички напади. На почетокот на месецот на Косово биле уапсени две лица под сомнение дека планирале напади врз војници...

ЕЗ: Македонија напредува во енергетскиот сектор

Македонија направила голем напредок во имплементацијата на т.н. меки мерки во енергетскиот сектор изминатата година, оценува Енергетската заедница(ЕЗ) во „Мониторинг извештајот за електрична енергија во земјите од Западен Балкан“. Спроведувањето на меките мерки што се однесуваат на развивање на пазарот на електрична енергија, на прекуграничното балансирање, како и мерки поврзани со регионалната распределба на капацитети во јуни минатата година биле...

Сириската офанзива присилила 120 илјади луѓе да ги напуштат домовите

Повеќе од 120.000 луѓе побегнале од југозападна Сирија од почетокот на офанзивата на владините сили, соопшти Сирискиот центар за човечки права со седиште во Лондон. Центарот наведува дека неколку десетици илјади луѓе се наоѓаат на границата на Сирија со Јордан, додека илјадници побегнале кон Голанската висорамнина. Директорот на Центарот, Рами Абдулраман изјави дека најголем број цивили го напуштиле источниот дел на...

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО, јавува дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на...

С.А.Р.С. со својата музика ги растера облаците над Битола

Синоќа на плоштадот „Гоце Делчев” во Битола се одржа главниот музички настан од годинашното 17 издание на фестивалот „Битола отворен град”. На отворената сцена на плоштадот настапи култниот белградски алтернативен рок бенд “С.А.Р.С.”, кои имаа речиси двочасовен настап. И покрај облачното време С.А.Р.С. со својата музика ја воодушеви неколку илјадната публика, која го проследи енергичниот настап на овој бенд. М.М.