Владата во Бугарија го „преживеа“ и второто гласање за недоверба
Владејачката коалиција во Бугарија, државата која месецов го завршува претседавањето со ЕУ, „преживеа“ денеска гласање за недоверба, кое го побара опозицијата, обвинувајќи ја владата на премиерот Бојко Борисов за неуспешна борба против нараснатиот криминал и неможноста да гарантира владеење на правото.
Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа против, а петмина беа воздржани.
Ова...
Отворен летниот филмски камп во Битола
Синоќа во Битола, во организација на Кино-клубот „Милтон Манаки” почна летниот филмски камп „Летфик 2018”.
На летниот филмски камп, кој ќе се одвива во Битола и Крани Преспа, деветтодделенците и средношколците ќе имаат можност да научат некои нови методи, начини и техники за изработка на аматерски и анимиран филм.
- Ова е прв пат во ваква форма да се организира летен...
Отворен „Инфо параглајдинг центар“ во Крушево
Во центарот на Крушево денеска е отворен „Инфо параглајдинг центар“ кој ќе нуди комплетни информации за параглајдеристите што доаѓаат од цел свет во Крушево но и на сите спортисти кои ќе уживааат во авантуристичкиот туризам во Крушево.
Според Игор Тодески, центарот ќе го зголеми авантуристичкиот туризам во Крушево.
- Центарот ќе овозможи лесен пристап до информации за сите потенцијални туристи. Крушево...
Затворска казна за уште еден од насилниците од 27 април
Скопјанецот П.Ж. e осуден на затворска казна од две години и 10 месеци од Кривичниот суд, откако признал вина за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Во пресудата се наведува дека тој извршил насилство врз повеќе граѓани, нападнал полициски службеник, грубо навредувал и ја загрозил сигурноста на присутните, по влегувањето во Собранието. Обвинетиот нападнал и припадник на обезбедувањето...
Раст на бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година бележи раст од 8,9 проценти, додека за петте месеци од годинава во однос на првите пет месеци лани зголемување од 7,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во мај 2018 година, во однос на мај...
Мултимедијалниот перформанс „’Ртулци“ во Кавадарци
Презентација на продукцијата „’Ртулци“, мултимедијален перформанс, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во домот за културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Дваесет и три млади танчари, кореографи, костимографи, композитори, визуелни уметници ќе го претстават своето прво заедничко дело изродено од програмата „Инкубатор“. „‘Ртулци“ е првата продукција на оваа културна програма, создадена и во изведба на младите уметници што...
Разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина
Издавачката куќа „Готен“, во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“, организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина. Разговорот ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во „Кино култура“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.
Драго Гламузина во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го...
Слика на Лусијан Фројд продадена за 29 милиони долари
Сликата на познатиот британски уметник Лусијан Фројд, „Портрет на бела прекривка“, е продадена за 29 милиони долари на аукција во куќата „Стоби“ во Лондон. Фројд, кој почина во 2011 година, оваа слика, односно женски акт, ја насликал кога имал 80 години. На неа е прикажана Софи Лоренс, работничка во галеријата „Тејт“, која Фројд ја запознал кога работела на ретроспективата...
Вардар и Металург ги добија противниците во Лигата на шампионите
Македонскиот шампион Вардар и екипата на Металург ги добија противниците за групната фаза во ракометната Лига на шампионите, за сезоната 2018/2019.
„Црвено-црните“ се најдоа во групата А заедно со Киелце (Полска), Барселона (Шпанија), Мешков Брест (Белорусија), Веспрем (Унгарија), актуелниот шампион Монпелје (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Рајн Некар Левен (Германија).
Во групата Б се тимовите на ПСЖ, ПИК Сегед, Мотор Запорожје, Флензбург,...
Ноќна романса за Кочо Рацин во Скопје
Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, ќе бидат одбележани два јубилеја на поетот Кочо Рацин: 110 години од раѓањето и 75 години од неговата смрт.
- Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност на изложба да...







































